СВР Охрид во соработка со соодветни инспекциски служби, викендов презеде мерки за мерење на бучавоста во Охрид и околните населби. Мерките беа преземени на повеке точки во Охрид, Пештани и Лескоец, во содејство со Инспектор за животна средина од Локалната самоуправа и претставник на консултантска куќа за животна средина од Скопје. Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид изврши контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид и Струга, а со цел констатирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Во еден објект евидентирано е…
Први мај е државен празник во повеќе земји во светот. До 2006 година во Македонија тој се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од минатата година денот на трудот се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа.Од година во година спласнува еуфоријата меѓу народот за одбележување на Први мај, Ден на трудот. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за значењето на овој ден. Некои од нив кои ги затекнавме на познатите охридски собиралишта како што е Синдикални велат дека излегле само на прошетка, а не и на вообичаената скара, музика, веселба. Тие кажаа дек…
Во Охрид се одржа 11-тата конференција на македонската берза. Годинава на овој настан присуствуваа 170 учесници. Организаторите на конференцијата задоволни од одзивот, посебно што овој пат изразено било присуството на еминентните гости од дипломатскиот кор, министрите за финансии на Македонија и Бугарија, претставниците од евроазиската федерација на берзи, како и од претставниците од регулаторните тела од Австрија и Словенија. Советничката на управата на македонската берза Евита Иванова вели дека за време на двата конференциски дена биле изнесени интересни ставови и размислувања на експерт…
Учениците од меѓународниот колеџ „Јахја Кемал“ од Струга добро се покажаа на натпреварите од образовен карактер во Америка, Азејберџан и во нашата земја. Имено, месец април тие ќе го памтат по освоени врвни награди и високи признанија. Венера Глигороска ученичка во четврта година се закити со сребрен медал на натпревар по биологија во Хјустон Тексас кој се одржа од 14 до 19 април годинава. Глигороска вели „голем предизвик е да се посети Америка како турист, додека пак, привилегија е да се посети како учесник на светски натпревар. Тие скоро година дена се подготвувале за ова натпреварување п…
Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер.Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000 долари, донирани од аме…
НП „Галичица“ уреди ново излетничко место „Јадера“. Ова е втора локација за нецела недела за која се погрижи раководниот тим на паркот. „Јадера“ се наоѓа во непосредна близина на атрактивното туристичко место Градиште. Првиот човек, Зоран Ангелоски кој повеќето од своето работно време го поминува низ националниот парк вели, дека конечно успеале да обезбедат две сигурнио места за посета на гости. Тој потенцира дека местото е уредено со дрвени клупи маси и столици, патеки, детско игралиште и комплетно е опремено за пикник. Ангелоски додаде дека излетничкото место има сопствен парк а капацитет…
Медиумите да застанат наспроти сензационализацијата во користењето на јазикот, насловите и фотографиите, мотото и начинот на кој се прикажани сексуалните работници, порачаа од НО „Хопс“.Сексуалната работа и медиумите. На оваа тема денеска дебатираа претставниците на медиумите со НО „Хопс“. Целта на оваа дискусија пред се беше запознавање на новинарите како правилно треба да пристапат кон презентација на сторијата доколку има настан поврзан со сексуална работа. Катерина Партинова рече дека со медиумите мора да воспостават една базична соработка бидејќи според неа медиумот е еден од најважнит…
Цели 7 месеци неисплатени средства за превоз. Даниела Будиноска 15 години е на дијализа. Нејзината здравствена состојба последниве две години се искомплицирала повеќе. Таа се движи со медицински помагала и не може без дополнителна помош од друго лице. Будиноска вели дека покрај маките со болеста, последниве неколку месеци се соочува и со административен проблем од Фондот за здравство во Струга. Имено, таа не може да патува со комби возилата и мора на дијализа до оди со такси. Иако патува со такси, таа уредно до Фондот приложувала фискална сметка за надомест на патните трошоци кои законски и…