Мај 19, 2010

Јавна дебата за ранливите категории

Претставен Локалниот акционен план  за помош на лицата со попреченост. Останува на локалната и центрелната власт да изнајде начин како вистински да им се помогне на овие лица.Проблeмот со пристапноста реален и присутен и пред почетокот на јавната дебата. Еден од учесниците не можеше да дојде до малата сала на општината без помош од сограѓаните. „Предлог-Акциониот план е реазултат на 6-месечната активност на работната група составена од претставници на Општината, организациите на лица со попреченост и јавни институции од областа на социјалната заштита, здравството, образованието и вработувањ…

Мај 18, 2010

Матурантите на страна

Убавата традиција не би требало да се наруши. Матурските таблоа секоја година привлекуваат големо внимание во јавноста. Луѓето се љубопитни да видат кои се лицата на годинешните матуранти. Но, годинава тоа не им беше овозможено. Имено, во струшката чашија на препознатливите места, излозите од дуќаните не сретнавме матурско табло. Стружани велат дека местото на таблоата им е тука и не смее да се дозволи оваа традиција да згасне.Директорот на СОУ „Нико Нестор“, Никола Затуроски, вели дека веќе има истакнати таблоа на матуранти, но тие не се на очекуваните излози. Раководителот на секторот за …

Мај 17, 2010

Министстерот Тодоров и градоначалникот Петрески немаат исти планови за касарната

Министерот за образование и наука Никола Тодоров проговори за плановите на министерството околу универзитетскиот кампус во некогашната касарна.  Она што тој го кажа денеска не се поклопува со планoвите на градоначалникот кој неодамна обелодени дека локалната има намера касарната да ја направи универзитетски кампус во кој ќе ги смести сите факултети.„ Тоа треба да биде кампус во кој треба да биде сместен универзитетот за информатички технологии од Охрид. Тоа е проект кој треба да се заврши во наредните две или три години. За тој  период иниверзитетот треба да биде привремено сместен во домот…

Мај 17, 2010

Нема радијација во Македонија

Подоготвена ли е Македонија за одговор во случај на радиолошки несреќи? Охрид и Македонија домаќини на регионалелен тренинг курс на тема: „Подготовка, спроведување и евелуација на вежби за тестирање на системот на подготвеност за радијациони вонредни настани“.  Денешниот региoнален ворк шоп е еден во  низата кој се организаира за градење на капацитети за одговор во случај на радиолошки несреќи. На средбата во Oхрид учествуваа стручни лица од скоро сите земји од регионот дури и од поодалечните земји како Португалија и Малта а предавачите се од Велика Британија, Израел и Унгарија.  Се надевем…

Мај 15, 2010

Охрид без Центар за безбедност на вода

Најавата од општинскиот Црвен крст, на брегот од Охридското езеро да биде организиран Центар за безбедност на вода е сеуште без реализација. Оваа вообичаена безбедносна пракса на сите поголеми и помали водени површини во светот кај нас доцни. Се обративме до Министерството  за транспорт и врски и до  Секторот за урбанизам на локалната самоуправа да разгледаат можни локации за овој центар. Но, за жал во тие фамозни урбанистички планови не се предвидени вакви центри кажува Сашо Точков претседател  на ОО на Црвен крст.Надлежните институциите засега се без слух за изнаоѓање соодветна локација к…

Мај 15, 2010

Еко училишта

Заштитата на животната средина треба да биде култура на живеење. За ова се залага здружението на граѓани ОХО, кое 11 години работи на имплементација на оваа програма во воспитно образовниот процес на Р Македонија. Годинава во нивните програми се вклучува и Министерството за образование и наука. Деновиве во Охрид се одржува работилница наменета за директори на градинки, основни и средни училишта со цел да  ги презентираат новите состојби на ова поле. Советникот од МОН, Љупчо Спасовски вели дека ваквите напори имаат една заедничка цел, за три години сите училишта на државно ниво да бидат еко-…

Мај 14, 2010

Можеме ли е да си го заштитме највредното?

Нашето културно и историско богатство со кое се гордееме, оставено на милост и немилост. Мал број верски објекти и друг црковен имот, осигурани. Ако овие објекти имаат непроценлива културолошка вредност, нивната материјална вредност може да се одреди. И покрај изјавите на високи црковни лица дека нивно осигурување не е можно, претставници на македонските осигурителни компании го тврдат спротивното.Дали македонските сахрални објекти се обезбедени од ризици?  Требаше ли да ни се случи трагедија како пожарот во манастирот „Св.Јован Бигорски“,за да се запрашаме колку е заштитено нашето културно…

Мај 13, 2010

Водата во езерото исправна!

Реките Черава, Коселска, Сатеска и Велгошка остануваат најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Според резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања, спроведени од страна на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата во Охридското Езеро, пред почетокот на туристичката сезона е од прва и втора класа. Според уредбата за класификацијата на водите пак, вода од прва класа може да се користи за водоснабдување, додека вода од втора класа може да се користи за капење, спорт и рекреација, вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје.По направената контрола од страна на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top