13 годишната Марина Петреска своето слободно време го поминува во рекреативниот центар „Порака Нова“ од Струга, наменет за прифаќање на лица со интелектуална попреченост. Марина заедно со останатите 48 корисници, кои работат под менторство на повеќе едукатори и волонтери, можат да спортуваат, но и да изучуваат странски јазици, компјутери, фолклор, градинарство.
Рекреативниот центар „Порака Нова“, наменет за лицата со интелектуална попречена функционира скоро 11 месеци. Лицата кои го посетуваат центарот по 4 часа неделно, се на возраст од 6 до 50 години. Центарот во изминатиот период ос…
Два дена инспектори од Министерството за транспорт и врски во Локалната самоуправа ги гледаат дел од објектите за кои има индиции дека се дивоградби. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека после одземените ингеренции на општинскиот градежен инспекторат за предметот Г. Белица, тој и понатаму стои до неговата изјава дека нема да прими инспектори за предметот Г. Белица бидејќи тоа според него било незаконски. Мерко рече;
„Истото го тврдам и понатаму, значи за предметот Г. Белица го подразбирам како завршен предмет бидејќи за истиот негде пред 30 дена има жалба и за истиот нема одгов…
Струга иако е многу опеана, има сеуште да се пее за неа. Ансамблот „Диван“ веќе три години работи на тоа, а со своите песни се присутни во дел од угостителските објекти на охридско – струшкот регион. Членовите на овој Ансамбл со нескриена страст и со душа збоуваат за песните кои ги снимиле за Струга и стружани, се тоа спакувано во едно CD, насловено како „Белешки од стара Струга“ кое од неодамна е достапно за сите. „Песниве ми лежеа на душа“, вели авторот на поголем дел од песните Владо Бунчески кој е и член на Ансамблот. Тој кажа дека со долготрајна и напорна работа конечно се реализирала …
Димче Шипинкароски, кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, напоменува дека во изборната програма има бројни проекти со кои ја бара довербата на гласачите. За него е приоритет решавањето на проблемот со водоснабдувањето за жителите почнувајќи од Струга па се до Радожда, Јабланица, Малесија, Долен Дримкол.
Навистина е незамисливо во 21 век да немаме квалитетна вода за пиење и постојан довод на вода. Тоа би бил прв и основен проект. Втор проект е реконструкцијата на градскиот пазар, кој го бараат граѓаните, согласно стандардите да го направиме пријатно мес…
Жените, жртви на семејно насилство, економски ќе се зајакнуваат, преку мерката субвенционирано врабортување. Бројот на жртвите на насилство расте, но проблемот се намалува. Тоа пред се се должи на делување на институциите и граѓанските здруженија сметаат од Националниот совет на жени на Р. Македонија. Тие денес во Струга ја одржаа четвртата регионална деловна средба, на која акцент беше ставен на субвенционираното вработување на жени жртви на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност рече дека фирмите кои ќе вработат жртва на насилство ќе можат да к…
Свечено пуштен во употреба нов наплатен центар на МЈП „Проаква“, во Струга. Овој чин поздравен од раководниот тим на ова претпријатие, како и од двајцата градоначалници на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. Но денес исто така во употреба беше пуштен и новиот објект кај пречестителната станица во село Враништа, струшко поточно дел од проектот „ Рехабилитација на пумпните станици Охрид – исток“. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека кога се сака се се може и ова е уште еден доказ дека општините Охрид и Струга можат сами и без помош на Владата. Тој додаде де…
Шест години живот како во пекол. Артера Лога, од село Ливада, струшко е самохрана мајка со 4 деца. Таа живее во една соба заедно со нејзините деца од скромна социјална помош од 2 500 денари. Таа по прераната загуба на сопругот кој бил тешко болен се чувствува обесправена од судските институции. Четирите сестри на нејзиниот покоен маж по судски пат и одзеле скоро се. Тие ја бркале од дома велејќи и да си оди во Албанија, а децата да ги остави тука.
Лога со голема болка во душата, огорчена, вели дека само децата сеуште ја одржуваат во живот. Таа додава дека куќата ја подигнале во заедница уш…
Оставете ги на мир родителите и учениците oд село Подгорци. Тие не бараат ништи друго освен да учат на свој мајчин јазик, Албански. Тие сакаат да исправат една голема неправда која им е нанесена од поранешниот монистички систем. Тие со ова излегуваат од асимилацијата која слична на вашето едноумие им било наметнато, истакна во Струга претседателот на ДПА, Зијадин Села. Тој обраќајки се до Министерот за образвание му порача Министерството за образование да не се осмелува со толку ниски методи да ги воспитува родителите и децата затоа што сите тие знаат на кој јазик треба да се образуваат н…