Мар 31, 2011

Струшките мајки и деца први на истражувачката листа на УНИЦЕФ

Македонското истражување на УНИЦЕФ започнува од Струга. Состојбата на жената и децата во државата ќе се анализира од аспект на  сите социјални модели. Станува збор за глобално истражување, кое УНИЦЕФ го поддржува и во нашата замја, а се спроведува во 50 земји во светот. Истражување од ваков карактер се изведува во петтогодишни циклуси, што значи, последните податоци од ваков карактер се од 2006 година. Зоран Стојанов од УНИЦЕФ вели дека податоците на национално ниво ја прикажуваат состојбата на жената и децата како добра, но доколку длабински се пристапи кон ова истражување, сликата е сосем…

Мар 30, 2011

Блиску до разоткривање на мотивот

Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата на вештите лица ко…

Мар 28, 2011

100-от роденден на дедо Драган

Од готвењето храна во кафаната „Зелен венец“ во Белград, до одењето на лов во дримколскиот регион, дедо Драган Шуминоски си насобра животно искуство со неговите 100 години. Вчера тој го прослави својот 100ти роденден. Во придружба на баба Крстана, неговиот животен сопатник, поминале низ сито и решето, но си ја зачувале слогата и разбирањето. Целото нивно семејство се собра да го прослави роденденот на дедо Драган, а тој најдобро ја отпочна веселбата, изрецитира песна. Поминале повеќе од 60 години откако баба Крстана дошла во Боровец кај дедо Драган. Таа е 15 години помлада од својот сопруг…

Мар 26, 2011

Како Струга нема друга

Оваа изрека секој стружанец ја знае дури и во сон, но ја знаат и во земјава, а бога ми и надвор од неа. Градот кој е распослан на двата кеја од реката Црн Дрим и долж северната страна од ревиерата на Охридското езеро, има богато минато. Хотелот на Стефан Томан кој спечалил пари кај Алкапоне е дел од тоа минато. За Струга мора да се знае. Во овој град во текот на историјата се менувале најразлични господари кои секој на свој начин оставале дел од својата култура. Денеска малку е зачувано од тоа време. Во Струга сеуште има живи сведоци кои несебично се залагаат да го пренесат се она што го з…

Мар 26, 2011

Пратеник, голема одговорност кон народот

Млада и пред голем предизвик. Надица Николовска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, неодамна седна на пратеничката фотеља во Собранието на Р. Македонија. Таа согласно партиските начела на ВМРО – ДПМНЕ, дојде на местото на пратеникот Владо Стефаноски, кој неодамна почина. Како што е добро познато Стефаноски во текот на извршувањето на функцијата пратеник пред останатите советници се  истакна со најголем број амандмани 166. Николоска допрва ќе треба да се докаже, но сепак настапува со одредена цел. Функцијата пратеник е голема одговорност, а пред …

Окт 28, 2021

Пронајдено оружје кај 49-годишен стружанец

Полициски службеници од Полициската станица Струга, вчера го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал – информираат од МВР. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мар 24, 2011

Има да се плаќа без пардон

Радиодифузната такса изгледа дека ќе мора сите да ја плаќаат, а од тоа не се поштедени дури и невладините организации и здруженијата на граѓани. Замислете го апсурдот, живееме во држава каде сметката за радио и телевизија мора да ја плаќаат дури и здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух, кои досега беа поштедени од оваа јавна давачка. Дел од невладиниот сектор сеуште добива сметки за наплата на радиодифузна такса. Според членот 146 од Законот за радиодифузна дејност, такса плаќа, меѓу другото,  секое правно лице и сопственик  на деловен простор, на секои 20 вработени. Според овој член…

Мар 23, 2011

Струшката чаршијата ќе се ревитализира

Одамна уништената гордост на градот, чаршијата, во рацете на локалните моќници. Стружани не знаат  каков е планот на локалната, но стравуваат дека што и да се стави на местото на сегашниот камен, машинеријата која секојдневно ја гази чаршијата се ќе уништи. Јово на ново. После повеќе од 30 години ќе се ревитализира струшката чаршија и двата кеја на реката Црн. Дрим. Познатата струшка чаршија за која се испеани многу староградски песни, стана жртва на промена на разни времиња, култури, мислења а во последно време и на лични интереси. Надлежните очигледно се немоќни пред набрзата експанзија …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top