Апр 26, 2011

Кој сака да лови во матно?!

Советот за радиодифузија ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одбиле да ги објават подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите. ЈП Службен весник создаде вакуум период во медиумската регулација, кој негативно влијаеше врз функционирањето на СРД и електронските медиуми во време на изборен процес. Со ова не е испочитуван Изборниот законик, кој налага СРД да донесе Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот од распишувањето на изборите до почетокот на изборната кампања и П…

Апр 26, 2011

Евроамбасадорот Петер Соренсен, во работна посета на Струга

Денес, Петер Соренсен ја посети општина Струга. Тој оствари работна средба со градоначалниците на двете општини Охрид и Струга. Евроамбасадорот беше информиран за локалните проблеми на двата града, кои потекнуваат од лошата корелација со централната власт, вели Рамиз Мерко. Градоначалникот на Струга, исто така пред Соренсен, ги потенцира меѓуетничките односи, кои според него се на извонредно добро ниво. Мерко, го замоли евроамбасадорот да се заангажира и да помогне да се средат работите во образовниот процес во Струга, каде биле наталожени бројни проблеми. Александар Петрески, градоначалник…

Апр 21, 2011

Урбана опрема, што е тоа?

Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна комисија која ќе ја …

Окт 30, 2021

Жител на Мислешево починал при возење трактор

На 29.10.2021 година околу 13 часот, во ОВР Струга од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица”, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт. Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево кој, починал при управување трактор – информираат од СВР Охрид.

Апр 25, 2011

Усвоена декларацијата за Дримскиот басен

Oваа декларација беше усвоена на на неодамнешната Регионалната министерска конференција за интегрирано управување со речни сливови, од страна на петте држави низ кои се протега Басенот, односно, Македонија,Албанија, Косово,Црна Гора и Грција. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за води вели дека  станува збор за силна политичка подршка кон процес кој со години се води, процес кој ќе претставува олеснителна околност при добивањето на главниот проект преку Глобалниот еколошки фонд. Сега сите овие пет држави застануваат зад управувањето со еден басен, во еден многу критичен период за …

Апр 23, 2011

Наместо нова зграда – нови училници

Во Струга започна изградбата на нови училници во Гимназијата Ибраим Темо, со што ќе се реши просторниот проблем со кој години наназад се соочуваше ова средно училиште. Договорот помеѓу изведувачот, инвеститорот и училиштетот се потпишани.Со проектот е предвидено да бидат изградени шест нови училници. „ Беше тешко, посебно во три дена во неделата  кога имавме изборни предмети. Тогаш оние деца кои ќе беа на физичко, останатите ги користа нивните училници“, вели директор на гимназија Ибраим Темо, Урим Крка.На средишниот дел на зградата ќе биде направена надградба, додека во задниот дел ќе им…

Апр 22, 2011

На струшката политичка сцена врие

Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај дел од останатите поли…

Апр 22, 2011

„Рамиз Мерко е производ на Бранко Црвенковски!“ велат струшките вмровци

Ова беше кажано во експресната реакција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, а во врска вчерашните обвинувања од страна струшкиот огранок на СДСМ. „Нема никаков таен договор, ни скриени намери помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Надица Николовска претседателканата на О.К НА ВМРО од Струга. Лицемерието е заштитен знак на СДСМ, додава таа. „Времето ќе покаже дека ваквата наша одлука и активностите кои во иднина ќе ги превземеме, ќе се само во интерес на граѓаните на Струга. НА последната седница на Советот на Општина Струга, покажавте дека вашата соработка со струшкиот градоначалник никогаш не била п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top