Жените членки на Унијата на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, прошетаа до Пустец, Албанија. Поводот за посетата беше хуманитарната акција на 15те месни комитети од струшкиот регион, кои донираа облека, постелнина и друго, за социјално загрозените семејства на македонците во Пустец. Ова е нивна прва хуманитарна акција надвор од земјава. Председателката на Унијата, Жанета Дишлиоска, импресионирана од дочекот кој им го приредиле македонците од Пустец. Додава дека сега знаат оти хуманитарната помош отишла во вистински раце.
Одлуката за посета на Пустец, бела спонтана и потекнала од добрата волја на Унијата н…
Етичкото известување наместо привилегија за жал станува се поголем проблем. Во многу новинарски прилози јасно се забележува повреда и злоупотреба на личните податоци, но граѓаните се плашат да реагираат па не ги пријавуваат ваквите злоупотреби, а верувале или не, во нашето законодавство закон за заштита на личните податоци постои од 2005 година. Но прашањето кое се наметнува е колку медиумите и медиумските работници воопшто се запознаени со овој закон и со областите на неговото делување.
„Сите одредби на законот за заштита на личните податоци не се применуваат кога станува збор за медиумско…
Грижа за клиентот пред се. Ова е главното мото под коа делува „Кроација осигурување“ АД неживотно осигурување. Синоќа во Св. Наум, во хотелот „Маркони“, одбележан јубилеј по повод 2 години успешна работа во Македонија, посебно во охридско – струшкиот регион. Првиот човек на „Кроација осигурување“, АД Скопје, Драган Лазарески, вели дека не случајно е избран комплексот Св Наум, место од кое се црпи енергија и инспирација. Според него посветеноста кон клиентите во овие тешки економски услови е главна задача на неговиот менаџерски тим. Ова осигурително друштво од останатите осигурителни друштва…
Патриотизам или договор. Струга е единствена општина во Македонија која работи без статут. Струшките советници никако да се договорат околу донесувањето на највисокиот општински акт, сататутот. Јулијана Зуноска од советноичката група на ВМРО – ДПМНЕ, го изнесе ставот на својата опција, каде децидно нагласува дека тие воопшто не се против донесување на статут на општината, но се против копијата на истиот кој падна на Уставен суд.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, смета дека потребна е подетална консултација меѓу сите засегнати страни. Според него албанскиот јазик и неговата употреба ка…
Стихови кои се кажувале, се кажуваа и ќе се кажуваат. Едно од најголемите сведоштва дека македонскиот народ има богата и разновидна народна книжевност е Зборникот на народни умотворби, од надалеку прочуените македонски просветители, браќата Миладиновци. Денес се навршија 150 години од издавањето на Зборникот, кој како јубилеј за жал се одбележа скромно. Потомокот на браќата Миладиновци, Ристе Миладин, вели дека ова одбележување треба да биде на повисоко ниво бидејќи не се работи за излегување на една секојдневна книга, туку дека се работи за едно библиско и капитално дело што за нас макед…
Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов.
Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година, но ништо од тоа. Работи…
Цела струшка чаршија и пошироко, одлага смет на едно место, во строгиот центар на градот. Во комуналната сфера владее невиден хаос и самоволие на поединци, за кои очигледно не важат законски пропишаните норми во делот на одржување на јавната чистота во градот, реагираат граѓаните. Струга, како познат туристички центар, пред бројните гости треба да се покаже во добро светло а не да се препушти во рацете на досегашното лошо менаџирање на раководство во комуналното претпријатие на градот, сметаат дел од нив.
Градежниот шут на неколку фрекфентни места во градот, боди очи. Наместо да се подигне,…
Прекрасно е чувството, а задоволството неизмерно кога ќе се види насмевката кај само едно детенце, велат волонтерите на „Црвениот крст“. Амбициозниот проект кој за прв пат беше реализиран во 2005-та година, деновиве го живее и своето второ издание. Деновиве во Струга, десетици дечиња со вродени или стекнати срцево-садови заболувања, кои се лекуваат во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори” учествуваат на летниот камп. Акцентот на неколкудневните активности е ставен на поттикнување на здравите капацитети кај овие деца и изразување на нивната внатрешна реалност низ креација, в…