Јул 22, 2011

Иванов се сретна со младите лидери во Охрид

Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со лидерите на младинските организации на политичките партии. Ова е втора по ред средба од ваков карактер, со цел Иванов да ги слушне младите, како би се извлекла заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени предвремените парламентарни избори. Иницијативата за оваа средба потекна уште од првиот разговор во пресрет на изборите, кога Иванов ги повика младите лидери да го развиваат политичкиот дијалог како и да придонесат за спроведување на фер, демократски и мирни избори, без насилство и инциденти. Младите лидери отворено прогово…

Јул 18, 2011

Украдени над 30.000 евра во Мислешево

Викендов во струшкото село Мислешево непознат сторител извршил тешка кражба.Крадецот користејќи згодна прилика, незабележан влегол во куќата на В.М., при што одзел 20.000 евра, 8.000 долари, златен накит, со што причинил материјална штета  во вкупна вредност од околу 36.000 евра.Се преземаат мерки за откривање на сторителот.{loadposition content9}

Јул 15, 2011

Ниту струшките плажи не се спасија од сметот

Приказната со комуналните проблеми на Струга како да нема крај. Овој пат, проблемот е забележан на една од Струшките плажи. Граѓаните на Струга и натаму апелираат за што побрзо решавање на овој горлив проблем, но нивните апели завршуваат во вода. Тие ни се пожалија  дека еден дел од Женската плажа кој нема свој концесионер на несовесните граѓани им служи како голем контејнер. Летната туристичка сезона полека кулминира, но за жал кулминираат и проблемите од комуналната сфера. Една од малкуте природни сенки на Женската плажа во Струга, е покриена со смет. Посетителите треба или да си платат …

Јул 14, 2011

Ориентална кујна отсега во Струга

Гастрономските специјалитети на на турската кујна, која обилува со ориентални јадења и специјалитети, отсега во Струга. Ориенталните гастрономски специјалитети, отсега во Струга. На струшката ривиера, во непосредна близина на Хотел „Галеб“,неодамна отворен ресторанот „Фес“. Станува збор за гастрономска куќа во регионов единствена по својата понуда. „Се издвојуваме од останатите со тоа што првенствено служиме ориентална кујна, турска храна со професионален кувар, кој е обучен за тие работи, и ја имаме најубавата платформа во Струга па и пошироко во овој струшко охридски регион, вели Малино…

Јул 14, 2011

Југозападниот плански регион започна со реализација на проектите

Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот. „Генерално сите проекти се во насока на програмата за национален развој на југозападниот плански регион со националната стратегија за рамноправен регионален развој. Сите 13 општини се партнер…

Јул 8, 2011

Нова платформа на „Пливалиште“

На местото на кобниот шанк каде што минатата година на крај на туристичката сезона од струен удар погинаа тројца стружани, никна друга. На ваквиот потег реагираа група членови на ПК. „Струга“ – Струга. Тие до нас испратија допис насловен – „Алчноста  за поголем профит поважнa од законот и почитта кон починатите“, во него меѓу другото стои. „Сеуште нема поминато една година од немилиот настан кога на нелегално изградената  платформа од струен удар погинаа тројца видни стружани, а кафе барот „Пливалиште“ мотивиран од алчноста за поголем профит и поддржан од претседателот на пливачкиот клуб „С…

Јул 6, 2011

Летна школа за соло пеење

Соло пеачи од земјава и надвор од неа, во Струга. Тие една седмица учествуваат на семинарот по соло пеење, кој годинава се одржува по четврти пат. Професор Марија Муратовска Наумова, вели дека интересот за овој семинар од година во година е се поголем, бидејќи семинарот овозможува високостручно оспособување за оние кои имаат афинитет кон соло пеењето. Наумова вели дека трошокот за учество на семинарот соло пеачите сами си го подмируваат, а од нивна страна континуирано се правеле напори да обезбедат дел од средствата, но засега ништо од тоа. Таа вели дека максимално се вложува на секој поеди…

Јул 6, 2011

Кој го турка пливањето во пропаст?

Струга во најскоро време мора да направи центар за спортови на вода. Во моментов пливањето е поделено на два периоди, летен во кој се работи со полна пареа и зимски во кој се стагнира. Како што веќе добро и е познато на струшката јавност пливањето во зимскиот период стагнира поради условите во затворениот пливачки базен кои во моментов се повеќе од катастрофални. Добро упатените во оваа проблематика велат дека жално е што услови и локација за таков објект постојат, но недостасува интерес на надлежните. Со ова се согласни и професионалните тренери кои во моментов стојат на кормилото на ПК „С…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top