Струшките бајкери подготвени за дружба. Околу 300 моторџии од земјава и странство, два дена ќе престојуваат во Струга. Повод за тоа е одбележување на годишнина на струшкиот Мото клуб. Тие покрај тоа што ќе изведуваат професионални вежби, ќе се разладат со пивце, добра скара и ќе разменат муабети од нивна бранша. Организаторите велат дека собирите од ваков карактер се неповторливо доживување. Зоран Мојсовски кој е член на клубот од самото постоење, вели дека мора да се покажат во вистинско светло како добри домаќини, бидејќи сепак се работи за традиционално одбележување.
Еден фестивал од вак…
Командирот на струшката противпожарната единица Урим Каба излез од очајната состојба во која се наоѓа возниот парк на неговата противпожарна единица гледа во охридската противпожарна единица. Каба бара отстапување на возило од охридските колеги.
„Според, Законот охридската противпожарна единица треба да ни го додели нас вишокот на возила ако го има добиено од донации или од Владата , а тоа дод ен денес не е случено, вели Каба. Со ваквото барање не се согласува неговиот охридски колега Спасе Прентоски. Командирот Прентоски објаснува дека тие не располагаат со вишок возила. Тоа што планира…
Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија.
Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства за услужни дејности. За…
Според податоците на Светската здравствена организација, приближно 500 милиони луѓе се заразени со хепатитис ц или хепатитис б, оваа бројка е за околу 15 пати поголема од бројот на заразени со ХИВ/СИДА.„Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска. Само од тип Ц с…
Овој месец двојно се зголемиле повиците за интервенирање на отворено за разлика од лани, а мал е бројот на шумските пожари, вели командирот на струшката противпожарна единица Урим Каба. Лани било забележано на Караормна во реонот на Делогожд аи Поум намерно полење на шума , но годинава такви појави нема. Каба нагласува дека во овој период, загрижува зачестената појава на палење стрништа и покрај високите казни за сторителите бидејќи јавната свест е на ниско ниво. Иако делиме флаери, го информираме населението преку медиумите, но без ефекти нагласува командирот на пожарникарите Каба. „Ние г…
Заврши порибувањењто на Охридското езеро со јагула за оваа година. Денес кај струшкото село Радожда, во водите на езерото запливаа и последните примероци од од овој вид риба кои беа дел од 220те килограми. Во текот на оваа година во водте на езерото се фрлија околу 850 килограми или 30 000 единки квалитетен помладок на јагула со што се реализира планот. Акциите беа спроведени во три наврати. Директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски вели дека традиционалното порибување на Охридското езеро со јагула е со цел да се обезбеди обновување и зачувување на овој вид риба а со тоа и зачувување на биодиверзи…
Еколошки атак на Охридското езеро во делот кај Радожда, струшко. На 500 метри од автокампот Ливадиште, према с. Радожда, некој си зел за право да врши ископ на приватно земјиште. Притоа сторителот неводел сметка за тоа дека дел од земјата навлегува во водата, што претставува класична деградација на езерото, брегот, трската. На ова реагираат од здружението на екологисти „Калдерма 2011“, од Радожда, струшко. Претседателот Ванчо Бакрачески рече дека се загрижени за животната средина во овој дел на езерото и точно поради тоа реагираат. Тој додаде дека и доколку се работи за градежен плац во под…
Советниците дирекно во неколку наврати како главен виновник за тоа го посочија ЈП „Комунално“. И ТВМ во неколку наврати информираше за грдата слика со градежниот шут и комуналниот смет на дел од плажите во Струга. Денес на оваа тема проговори и советникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Затуроски, од каде што доаѓа и директорот на ЈП, Петко Кутаноски. Тој истакна – „Ние сме сведоци, секојдневно ги гледаме сите овие работи каде што се растура шут на секоја страна после рушење на објекти каде што се фрла ѓубре на секоја страна. Факт е дека комуналното претпријатие функционира така како што функционир…