Македонската гранична полиција доби 16 нови возила

 Македонската гранична полиција доби 16 нови возила. Станува збор за донација во вредност од над 240 000 евра од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија. Донацијата ја прими министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблогодари за цврстото партнерство кое го има Македонија со Сојузна Република Германија. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во полициската станица во Струга беа врачени 16 полицски возила донација за македонската гранична полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја прими донацијата од Марко Акватичи заменик амбасадор на СР Германија во земјава. При тоа изрази благодарност за цврстото партнерство кое Македонија го има во СР Германија посебно на патот кон НАТО и ЕУ.

„Од 1992 година до денес се реализирани многу заеднички проекти и со Сојузното министерство за внатрешани работи и со покраинските полиции  тоа покажува дека македонската полиција и колегите од Германија имаат заеднички работи на кои ќе можат да соработуваат и во иднина.Toa  ќе значи јакнење на македонската полиција и користење на  добри пракси кои се функционални од Р Германија. На тој начин ќе бидат воведувани европски пракси  во работењето на македонската полиција“, напомена Спасовски.

Оваа донација е знак на одлични билатерални односи и соработката која постои меѓу двете земји , истакна Марко Акватичи, заменик амбасадорот на СР Германија во земјава.

 

„Соработката меѓу министерствата за внатрешни работи и меѓу полициските служби е одлична. Темата безбедност е значајна за цел регион. Германија е многу свесна за улогата која вашат земја ја имаше за време на бегалската криза и благодарност за се направеното и справувањето со бегалската криза“, истакна Акватичи на предавањето на донацијата.

Најавена е понатамошна соработка меѓу двете земји и поддршка на Македонија кон приближување кон Нато и ЕУ , порача Акватичи.
Со вредната донација на возила и рекострукцијата на полициската станица во Струга се обезбедуваат подбри услови на македонската полиција и се згоелмува нивната мотивираност за поголема безбедоност на граѓаните. Оливер Спасовски го најави приоритетот на министерството и на Владата и во иднина да се подобруваат условите за работа на македонската полиција, како и да се унапредува соработката со граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top