Обвинителство Струга

Истрага против дилер на марихуана во Струга

ОЈО Струга донесе Наредба за истражна постапка против 27-годишен стружанец кој во гаражата криел марихуана. Јавен обвинител побара притвор.
 |  инфодеск  | 
марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користел во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски пат“, неовластено заради продажба држел вкупно 433,8 грама марихуана во бела најлноска кеса.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз постапката со прикривање на трагите и влијание врз сведоците.​​

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top