• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Граѓанска иницијатива верува во одлуката на струшкиот суд за дислокација на дивата депонија

Граѓанска иницијатива верува во одлуката на струшкиот суд за дислокација на дивата депонија

Со судскиот процес имаат за цел државните и локалните власти да преземат конкретни решенија. Секоја година стружани добиваат во непосредна близина се поголема еколошка бомба со несоодветното депонирање на смет.

 |  Валентина Неловска  | 

Македонското здружението на млади правници верува во одлуката на струшкиот суд за трајно решавање на дивата депонија на влезот од градот. За спречување на понатамошна еколошка катастрофа од која се засегнати сите жители граѓанската иницијатива поведе судски процес во кој ги тужеше  Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално-Струга. Тужените побараа на последното рочиште Основниот суд во Струга да се изјасни како ненадлежен за овој судски процес, вели Григор Ќатоски, застапник на Здружението на млади правници.

Се оградуваме од прејудицирање на судската одлука со надеж и верба дека Судот ќе донесе одлука базирана врз Уставот и Законите  и во интерес на граѓаните. Во секој случај сме оптимисти и со самиот факт што ја поведовме оваа постапка ни дава за право да сме оптимисти да го решиме овој проблем. Постоењето на струшката депонија е на штета на сите граѓани кои живеат во нејзина близина – истакна Ќатоски.

Со тужбата која е во интерес на сите граѓани се бара дислокација на дивата депонија. Решение за проблемот треба да има час поскоро, а се потребни политичка волја и финансии, напомнува Ќатоски. Завршија локалните избори на кои им претходеа декларативни изјави на политичките партии во политичката кампања за дислокација на дивата депонија.

Да ги поттикнеме и да ги принудиме надлежните органи согласно уставот и законите за управување со отпад и Законот за животна средина според кои имаат и треба да преземат конкретни обврски. Не очекуваме брзо решавање, но е потребно да се преземат конкретни чекори. Здравата животна средина е вредност како и демократијата за која треба да се бориме и да бараме оставрување на правото за здрава животна средина – додава Ќатоски.

Григор Ќатоски, застапникот на Здружението на млади правници, нагласува дека според пресметките со кои располагаат од граѓанската иницијатива секоја година струшката дива депонија се зголемува и до два спрата. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top