Кој е човекот кој ја проколнал Бенфика?

Повторно актуелна приказната за проклетството на Guttmann

 |  инфодеск  | 

Откако Бенфика загуби уште едно европско финале, повторно се актуелизира приказната за проклетството на Guttmann

За бројните навивачи на Бенфика ова веќе не е шега, туку сериозно проклетство. Нивниот клуб не загубил две или три европски финалиња, туку осум! Да, осум финалиња во европските натпреварувања, со наведнати глави го напуштале теренот разни генерации фудбалери на Бенфика, откако Bela Guttmann го проколнал клубот пред 52 години.

Пред крајот на 50-тите години од минатиот век, на клупата на Бенфика бил Bela Guttmann кој преминал од Порто. Унгарскиот тренер, со еврејско потекло, бил еден од најценетите и најславни тренери во историјата на фудбалот. Неговата работа оставила трага и успеси во Европа и Јужна Америка, работејќи во Унгарија, Романија, на Кипар, водел клубови во Бразил и Аргентина, а бил на чело и на Милан.

По доаѓањето во Бенфика го открил Еузебио, и легендата раскажува, со него склучил договор во берберница. Во светот на фудбалот внесол револуција со тактиката 4-2-4, а набрзо со Бенфика ги освојува единствените досега европски трофеи, 1961 и 1962 година како шампиони на Европа. Кога ја одбранил титулата во 1962 година, Guttmann побарал малку поголема плата, а челниците ладнокрвно и арогантно го одбиле.

„Во наредните 100 години Бенфика никогаш нема да биде европски првак“, наводно порачал и проколнал Guttmann. Некои тврдат дека рекол „никогаш нема да освои европски трофеј”, тука би ги вклучило и Купот на победници на купови, односно куп Уефа, а денешна Европска лига. Како и да рекол, потоа следи низата на Бенфика со славниот Еузебио која губи три финалиња на Купот на шампиони во 1963, 1965 и 1968 година.

Со време легендата расте и навивачите се погласно зборуваат за пророштвото на нивниот најуспешен тренер во историјата на клубот. Како да не зборуваат, кога следеле порази во финалињата 1983 во финалето на Купот на Уефа и финалето во Купот на шампиони 1988 година.

Приказната е сфатена најсериозно пролетта 1990 година Бенфика дотогаш загубила 4 европски финалиња а ги чекало финале во купот на шампиони со Милан. Славниот Еузебио отишол на еврејските гробишта во Виена, каде е закопан Guttmann и со клечење на гробот молел за прошка. Не помогнало ни тоа, Милан со голот на Рајкард го добива тој натпревар.

Приказната за проклетството на Guttmann се актуелизира повторно, по поразот во 93 минута од Челзи и голот на Ивановиќ, минатата година во финалето на Лига на Европа.

Со денови пред натпреварот со Севиља, тренерот Jorge Jesus изјавувал: „ Нас не не интересира Guttmann. Нас не интресира теренот“. Меѓутоа, се може освен европски трофеј за Бенфика. Севиља беше поуспешна во пенал рулетот, а симпатизерите на Бенфика во светот повторно се разбудија утрово со ликот на Bela Guttmann во нивните глави.

Проклетството на Guttmann, осум финалиња, осум порази:

1963. Benfica – Milan 1:2

1965. Benfica – Inter 0:1

1968. Benfica – Man Utd 1:4

1983. Benfica – Anderlecht 0:1

1988. Benfica – PSV 5:6 (пенали)

1990. Benfica – Milan 0:1

2013. Benfica – Chelsea 1:2

2014. Benfica – Sevilla 2:4 (пенали)

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top