Шопингот ќе ве тресне како болест

Ком­пул­сив­но­то ку­пу­ва­ње прет­ста­ву­ва и мен­тал­но на­ру­шу­ва­ње, сме­та­ат пси­хо­ло­зи­те. Ку­пу­ва­ње­то, на па­си­о­ни­ра­ни­те за­вис­ни­ци од ку­пу­ва­ње им да­ва чув­ство слич­но на тоа што ал­ко­хо­лот го прет­ста­ву­ва за ал­ко­хо­ли­ча­ри­те.

 |   | 

shopingКом­пул­сив­но­то ку­пу­ва­ње прет­ста­ву­ва и мен­тал­но на­ру­шу­ва­ње, сме­та­ат пси­хо­ло­зи­те. Ку­пу­ва­ње­то, на па­си­о­ни­ра­ни­те за­вис­ни­ци од ку­пу­ва­ње им да­ва чув­ство слич­но на тоа што ал­ко­хо­лот го прет­ста­ву­ва за ал­ко­хо­ли­ча­ри­те.

По­не­ко­гаш за­вис­ни­ци­те од ку­пу­ва­ње со­би­ра­ат раз­ни об­је­кти би­деј­ќи на тој на­чин го „ре­ша­ва­ат“ ха­о­сот и чув­ство­то на не­ма­ње кон­тро­ла. Исто та­ка, овој вид на­ру­шу­ва­ње мо­же да има вр­ска и со дет­ство­то. Ро­ди­те­ли­те ви да­ва­ле по­да­ро­ци, но не по­ми­ну­ва­ле до­вол­но вре­ме со вас. Не­кои лу­ѓе, ед­но­став­но, ку­пу­ва­ат би­деј­ќи се со­о­чу­ва­ат со емо­тив­на и фи­нан­си­ска праз­ни­на, па за­тоа, ко­га мо­жат да си доз­во­лат не­што, пре­те­ру­ва­ат пла­шеј­ќи се од по­втор­но со­о­чу­ва­ње со не­ма­шти­ја.
Ком­пул­сив­но­то ку­пу­ва­ње по­не­ко­гаш оди ра­ка под ра­ка со ал­ко­хо­лиз­мот или со на­ру­шу­ва­ње­то во ис­хра­на­та. На тој на­чин, лу­ѓе­то ја по­пол­ну­ва­ат праз­ни­на­та, без ог­лед на тоа да­ли има­ат проб­ле­ми во вр­ска­та, на ра­бо­та и со не­што тре­то. За жал, таа еу­фо­ри­ја око­лу но­ва­та ку­пе­на ра­бо­та не трае дол­го и тие по­втор­но трг­ну­ва­ат во не­кон­тро­ли­ра­но па­за­ре­ње.
shoping

За­вис­ни­ци­те од ку­пу­ва­ње се осо­бе­но ран­ли­ви во овој пер­и­од од го­ди­на­та, ко­га има по­пу­сти на си­те стра­ни и ко­га се­ка­де вла­дее праз­нич­на хи­сте­ри­ја. Ли­це­то со ни­ска са­мо­до­вер­ба сме­та­ат де­ка ку­пу­ва­ње­то но­ви чев­ли мо­же да го кре­не рас­по­ло­же­ни­е­то и да при­до­не­се за по­до­бра сли­ка на са­ми­те се­бе.
Ед­на од стра­те­ги­и­те што мо­же да им по­мог­не на за­вис­ни­ци­те од ку­пу­ва­ње е ко­га ку­пу­ва­ат да пла­ќа­ат со го­то­ви­на би­деј­ќи на тој на­чин ќе зна­ат кол­ку по­тро­ши­ле. Исто та­ка, тре­ба да ку­пу­ва­ат во друш­тво на дру­ги лу­ѓе, кои ќе ги кон­тро­ли­ра­ат и ќе вни­ма­ва­ат да не по­тро­шат прем­но­гу па­ри. Уште еден на­чин е ку­пу­ва­ње­то пре­ку ин­тер­нет, за­тоа што на тој на­чин точ­но зна­е­те кол­ку па­ри ви оста­на­ле на кре­дит­на­та кар­тич­ка.

Пси­хо­ло­зи­те им пре­по­ра­чу­ва­ат на за­вис­ни­ци­те од ку­пу­ва­ње да по­че­ка­ат 24 ча­са пред да ку­пат не­што што на­ви­сти­на не им е по­треб­но би­деј­ќи на тој на­чин ќе има­ат вре­ме да раз­мис­лат уште мал­ку за сво­ја­та од­лу­ка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top