Еротски капитал

Еднаш еден познат козметичар рече, не постојат грди жени, постојат само мрзливи”

 |   | 

Hajdi Klum

Во својата книга “Еротски капитал”, Хаким го дефинира овој вид на капитал како нешто повеќе од секс: комбинација од убавина, стил, друштвени способности и шарм кој може да се научи.

“Дури и ако тоа значи трошење богатство на скапи парчиња облека, не се стеснувајте. Денес еротскиот капитал е многу важен на работното место, како еден вид интелигенција или вештина”, вели авторката.

Таа најнапред предлага диети и вежбање (“затоа што никој не сака да вработи дебела жена”), солариум, бојадисување на косата, па дури и пластична операција. Како што вели таа, тоа се неопходните зла кои можат да ги однесат жените до врвот.

botoks

“Секој, па дури и најгрдата жена може да стане привлечна само доколку има соодветна фризура и облека и ако се претставува во најдобро светло. Тоа не е никаква раскалашаност, бидејќи носи вистинска корист. Еднаш еден познат козметичар рече, не постојат грди жени, постојат само мрзливи”, порачува Хаким.

Таа вели дека и мажите го прават истото, но женскиот сексипил отсекогаш бил поважен, само што традиционалните феминистки отсекогаш го деградирале, велејќи им на жените дека е непристојно на работа да ги покажуваат своите атрибути.

Во својата книга таа зборува и за лезбејството, (“малодушен одговор на машката доминација”), за ботоксот (кого го споредува со фитнесот) и за идејата дека треба да се забрани дискриминацијата според изгледот.

Кетрин Хаким одбива да ги открие своите години а на прашањето дали некогаш правела пластична операција, таа само рекла “Мислам дека тоа не е баш пристојно прашање”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top