Сеп 18, 2021

Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња. Рецензираме објава на Фејсбук во која се тврди дека мајките кои се вакцинирани против ковид, се „убијци на своите бебиња“. Тврдењето се темели на пријава во американскиот онлајн систем за несакани ефекти од медицински средства и од лекови ВАЕРС. Оваа онлајн платформа како што веќе претходно имаме објаснето, дава можност секој, било да е граѓанин или пациент, лекар или медицинск…

Сеп 18, 2021

Мирен марш во чест на жртвите на пожарот, а не протест против Филипче и Заев

Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче. Рецензираме објава на Фејсбук во које е споделен медиумски напис со наслов ,,Во живо, голем протест против Заев и Филипче во Тетово”. Во текстот не се споменува ниту премиерот Зоран Заев, ниту министерот во оставка Венко Филипче, туку се најавува мирен марш најавен на социјалните мрежи, организиран од членови на навивачката група „Балисти“. Маршот почнал од плоштадот „Илирија“ а завршил пред тетовската болница, каде н…

Сеп 18, 2021

Вакцините не предизвикуваат смрт, ниту пак, ќе ве направат зомби!

Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби! Постот неосновано, без никакви докази и факти, шири страв и паника кај населението, тврдејќи дека вакцинираните ќе умрат. Штетно и нечовечки е да се изнесуваат вакви дезинформации, кога сите факти покажуваат дека вакцинираните помалку се заразуваат, а што е најважно не развиваат тешка клиничка слика на ковид-19. Рецензираме објава на Фејсбук, во којшто се изнесува бројни невистини за вакцините. Постот е насловен „ДОЗИРАНА СЛОБОДА, ИЛИ ДОЗИРАНА СМРТ?…

Сеп 18, 2021

Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација

Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува. Исто така, во Северна Македонија нема вакцини со истечен рок, како што неточно се тврди во постот. Рецензираме пост на Фејсбук во кој е изнесена дезинформација дека не се примаат на болничко лекување, односно за хоспитализација пациенти кои не се вакцинирани против ковид. Во постот се тврди: Дел од репресивните мерки од проектот за да се принуди населението да се вакцинира, е и да НЕ се хоспитализираат …

Сеп 18, 2021

Аргентински лекар не се вакцинирал со две дози во ист ден

Фотографиите се вистински и се направени во Аргентина, но човекот не зел две дози од вакцината. Фотографиите се направени во болницата „Енрике Вера Барос“ во аргентинскиот град Ла Риоха, а мажот облечен во жолто е лекарот Рафаел Фернандез. Тој на својт Фејсбук профил самиот објасни дека не ја примил вакцината двапати:„Се случи да има група од повеќе луѓе кои сакаа да учествуваат во оваа прва вакцинација. И за погодноста на медиумите, се одлучи да се сменат местата и да се сменат рацете. Медицинската сестра продолжи да вакцинира други луѓе, па се смени и медицинскиот персонал. Не бидете зл…

Сеп 18, 2021

Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат

Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните податоци се гарантира со повеќе европски и домашни законски акти, а за секое прекршување предвидени се и соодветни казни. Неточни и невистинити се и тврдењата дека  коронавирусот е измама, а вакцините смртоносни, со што може да се нанесе огромна штета врз здравјето на луѓето и нивно евентуално одвраќање од вакцинација која ги штити од сериозни последици. …

Сеп 18, 2021

Видео снимка од болнички пожар се шири со апел ,,Молете се за Тетово” – ама е ланска и од Индија!

На социјалната мрежа Тик Ток, се појави видео материјал, кој што, според назначениот датум, е објавен еден ден по избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово, а на кој пишува ,,молете се за Тетово”. Иако експлицитно во видеото не се назначува дека е од споменатиот пожар во кој загинаа 14 граѓани, сепак, судејќи според коментарите оставени под видеото, евидентно е дека таков впечаток добиле мноштво од корисниците на социјалната мрежа. Видеото беше споделувано и преку приватни пораки на Фејсбук меѓу корисниците на оваа социјална мрежа. Но, ова видео не е од Тетово и не е од к…

Сеп 18, 2021

Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата. Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и медицински персонал, што не е точно. Истиот медиум во своето првично информирање посочи дека имало 30 жртви на пожарот, иако официјалните бројки на Министерството за здравство вечерта беа 10 лица, а утредента 14 лица, чии тела беа пренесени на обдукција на Ин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top