Сеп 6, 2021

Вакцинираните не се полни со токсини

Студија што не е рецензирана и е демантирана од многу истражувачи се пласира како доказ дека со вакцините во телото се внесуваат токсини. Станува збор за невистинита вест, т.е. дезинформација. Рецензираме објава на Фејсбук на тема широко распространета во антивакциналните делувања и во земјава и во светот. Тврдењето е дека кога ќе ја примите мРНК вакцината против ковид (Фајзер или Модерна) тогаш во Вашето тело таа нема да остане само во рамото каде е настанато боцкањето, туку овој спајк протеин ќе отпатува во сите органи од телото и ќе предизвика штети. Во постот се наведува следното: …

Сеп 6, 2021

Лага за вакцината и децата во училиштата

Лажна вест е пласирана како објава на Фејсбук дека со самото тоа што сте ги испратиле децата во училиште сте дале и согласност за вакцинација против ковид. ,,Прочитајте добро родители, ова е буквален фашизам и тиранија“, бомбастично најавува авторот на објавата на Фејсбук што ја рецензираме и кој споделува фотографија во која на македонски јазик пишува: СЗО сега вели дека присуството на вашето дете во училиште се смета за информирана согласност за вакцинација – родителско присуство не е потребно. Нема линк до содржината и кога ќе се пребара овој наслов на пребарувачот Гугл, нема ре…

Сеп 6, 2021

Нема лекари во државното здравство што работат за 250 евра плата

Од три извори добивме потврда дека во Македонија не постои лекар што зема 250 евра плата. Платите се многу повисоки. Рецензираме објава на Фејсбук во кој е споделен текст со наслов ,,Само во Македонија: Пекар со плата од 600 евра, а лекар со 250 евра”. Во самата содржина на текстот лекарите не се споменати ниту еднаш, односно на ниеден начин не е поткрепена информацијата дадена во насловот на текстот дека има такви меѓу нив што земаат плата од 250 евра. Таа информација е само дадена во насловот и спомената е еднаш. „Вистиномер“ се обрати до првиот човек на Министерството за здравство, …

Сеп 6, 2021

Вакцината на Фајзер е испитана, а доби и дозвола за целосна употреба од ФДА

За жал на тие што го споделуваат и гледаат видеото, од август 2021 година, вакцината на Фајзер повеќе нема дозвола за употреба во итна состојба, како што имаше дотогаш, туку стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека биологот Фернандо Лопес Миронес, објаснува на кратко што прочитал во документите на компанијата Фајзер. Во рамките на постот споделено е видео од обраќањето на Лопез Миронес. во кое што тој изнесува низа сомневања и наративи дека вакцината против ковид на Ф…

Јан 28, 2022

Ковид не е ни игра, ни план за депопулација

Не е вистина дека ковид е план за депопулација, туку во прашање е пандемија предизвикана од коронавирусот со којашто се соочи целиот свет.  Пандемијата, иако насекде во светот одзема бројни животи од различни возрасни групи, сепак не успеа да ја намали светската популација, која од година во година расте. Во 2021 година, една година откако почна пандемијата со коронавирусот, според Ворлдометерс светската популација е повисока од онаа во 2019 година. Во 2021 година во светот има 7.9 милијарди луѓе, наспроти 7,7 милијарди во 2019 година. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ков…

Сеп 6, 2021

Невистина е дека Данска ќе го води ковид „како обичен грип”

Целосна дезинформација е дека Данска ќе ги укине рестриктивните мерки затоа што ковид-19 ќе го смета како грип. Голем дел од мерките се олабавуваат поради високото ниво на вакцинирано население од 71 отсто. Во медиумиите се појавија тврдења во кои се вели дека од 10 септември Данска ги укинува мерките и ќе го води ковид како да е обичен грип. Слични написи се појавија и кога станува збор за Норвешка. Ваквите написи главно се преземаат од медиумите во Србија (овде и овде), но понекогаш и директно од западните портали за ширење дезинформации. Написот кој е предмет на оваа рецензија во меѓу…

Сеп 6, 2021

Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира

Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун. Придобивките од вакцините се гледаат од бројот на хоспитализираните и починати меѓу вакцинираните. Рецензираме објава на Фејсбук, во која е споделено видео од интервју на Роберт Малоун, човек за кој се тврди дека пред неколку години ја и…

Авг 31, 2021

Дезинформации за присилна вакцинација и измислици за наводно труење на ученици

Не постои никаков план и заговор за присилна вакцинација на децата и нивно труење со вакцини, како што се тврди во Фејсбук објавата што ја рецензираме, ширејќи вознемирувачки пораки и потткнувајќи паника кај родителите. Имунизацијата за младите од 12-18 години се спроведува единствено по претходна пријава, со согласност од родител и во вакциналните пунктови, а за децата под 12 години засега не се препорачува ниту една вакцина против ковид-19. Објава на Фејсбук шири вознемирувачки пораки за присилна вакцинација на учениците и нивно „жртвување“ без знаење на родителите, поттикнувајќи страв…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top