Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој производител се мисли)…
Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира дека САД го повлекув…
Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува изнесеното во постот, дека 80 проценти од починатите, умираат во меѓупериодот меѓу првата и втората доза.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Центарот за контрола и превенција на болести во САД, „сега вакцинираните см…
Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Овие честички се мали респираторни капки или аеросоли. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во опсег од 1 метар. Никако преку авиони, стотици метри над површината на земјата. ПЦР тестот којшто се споменува во овој пост, не детектира некакви „токсични наночестички“, туку многу п…
Ниту имињата на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, „Фајзер“ и „Модерна“, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот.
Фејсбук објава шири теорија на заговор заснована на наводното значење на имињата на два од производителите на вакцини против ковид-19, а со цел да се внесе сомнеж во овие вакцини и да се убедат луѓето да не се вакцинираат.
Во објавата се тврди дека имињата на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“, всушност, кажуваат дека…
Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации. ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран пристап во бо…
Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти со цел да се покаже дека вакцините се ефикасни, а невакцинираните заболени намерно се ставаат на респиратор, како што се тврди во овој пост, се неосновани и без докази.
Пост на Фејсбук шири дезинформации во врск…
Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења наменски креира погрешна слика во јавноста, а сè со цел да ги одврати луѓето да не се вакцинираат и да му наштети на процесот на имунизација.
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се злоупотребува смртта на жена, за која без никакв…