Сеп 28, 2021

СЗО препорачува кога пациентот со придружни болести и ковид ќе почине, смртта да се води од ковид

Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се водат во статистиката како смртни случаи од ковид-19. Тврдењето дека вакцината е експериментална е лажно. „Фајзер“ доби дозвола за целосна употреба, нешто што се очекуваше да ја зголеми довербата кај антиваксерите, но не се случи – тие продолжија како и во овој пост, да ја повторуваат старата мантра.  Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се наведени тврдења кои не се вистинити, а се од…

Сеп 28, 2021

Повторно се манипулира со американскиот систем ВАЕРС за пријава на несакани ефекти по вакцинација

Тоа што некој починал по администрирана вакцина, не покажува причинско-последична врска со самата вакцина. Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Пријава до ВАЕРС може да достави и лекар и обичен граѓанин, дури и ако не е сигурен дека последицата настапила од вакцината. Пријавените случаи на ВАЕРС се неверификувани извештаи. Тоа што некој ќе пријави несакан ефект на ВАЕРС не е доказ дека вакцината го предизвикала ефектот. Рецензираме пост во којшто се тврди дека со вакцините против ковид-19, наводно, настрадале и биле убиени повеќе деца во САД отколку с…

Сеп 28, 2021

Кенеди никогаш не докажал на Врховниот суд дека задолжителната вакцинација треба да се укине

Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација. Тврдењето изнесено во текстот дека судската пресуда ја принудила американската Влада да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, не е точно. Роберт Ф. Кенеди Jуниор е познат по своите изјави против вакцини, но без научна поддршка. Проверувачите на факти од повеќе светски сервиси, како сервосот на агенцијата „АФП…

Сеп 28, 2021

Лага е дека германски патолог прави 40 обдукции дневно

Тврдењето на Ширмахер дека 30 до 40 проценти од луѓето, чии тела ги обдуцирал, починале како последица на вакцината, како што самиот вели, е негова претпоставка. Но, во текстот што го рецензираме тоа е претставено како да е факт. Исто така, во текстот лажно се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани починати, наместо 40 вкупно, се тврди дека се 40 дневно, за да се создаде погрешна перцепција дека е огромен бројот на починати. Во текстот на германски јазик јасно се кажува дека компликациите на тромбови во мозокот се ретки, но во текстот што го рецензираме се претставени како да с…

Сеп 28, 2021

Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“. Ва…

Сеп 28, 2021

„Фајзер“ плати 2.3 милијарди долари во судски спор, ама во 2009 година!

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е споделена информација дека компанијата „Фајзер“ (производител и на вакцини против ковид-19, но и на бројни други медикаменти), треба да плати казна од две милијарди долари поради прикривање информации за штетноста на нивните лекови. Веднаш до фотографија од напис со ваква содржина, споделен е Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче, во кој информира дека во земјава пристигнале 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“. Со ваквата објава, на двете фотографии една до друга, целта е да се даде импресија дека вакцини од небезбеден про…

Сеп 28, 2021

Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да се земе како веродостојно. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во вакцините против ковид-19 има микрочипови кои се вбризгуваат преку иглата, со цел контрола на луѓето. НАНО ЧЕСТИЧКА – МИКРО ЧИП, КОЈ СЕ ВБРИЗ…

Сеп 28, 2021

Антиваксерска објава лажно го обвинува Бил Гејтс за милиони смртни случаи од вакцини

Бил Гејтс не фигурира како сопственик на која било од фармацевтските компании, кои ги направија различните вакцини против ковид-19 што се администрираат ширум светот. Ковид-19 не е „невидлива болест“, како што се тврди во постот. Податоците говорат дека заклучно со 22 септември со коронавирус се заразиле 230 милиони луѓе, а за 4,7 милиони овој вирус бил кобен и починале како последица од вирусот. Исто така, нема никакви докази дека во Африка умреле 20 милиони дечиња поради вакцинација, ниту, пак, ваква огромна бројка некогаш била објавена во јавност. Милијардерот и филантроп Бил Гејтс по…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top