Окт 18, 2021

Неточно е дека заработувачката на Фајзер е поради ретките несакани ефекти од вакцината

Згрутчувањето на крвта е многу ретко, во многу мал број случаи, така што дури и кога тие би се лекувале со лекови од „Фајзер“, повторно би станувало збор за многу мал број случаи и последично на тоа многу мал број лекови. Така што „Фајзер“ не би можел да се збогати од тоа и парите што би ги заработила компанијата од продажбата на тие лекови би биле минорен процент од вкупните приходи. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека додека граѓаните ги трујат со вакцини, a фармацевтските компании печалат од тоа. Додека вас ве трујат со вакцини тие печалат од тоа. Фајзер остварил 19 ми…

Окт 18, 2021

Зголемениот број на заразени и починати не е резултат од вакцинирањето

Со гледање на пошироката слика и земајќи го предвид контекстот на презентираните бројки, никако не може да се изведе заклучок дека вакцините се виновни за бројот на заболени или починати. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината штити од тежок тек на болеста и во висок процент спречува развивање на тешка клиничка слика, хоспитализации и смртен исход. Оттука, не само што вакцината не е виновна за зголемениот број на починати, туку таа спасува животи. Фејсбук објава ги измамува корисниците на социјалните мрежи дека споредбените бројки на нов…

Окт 18, 2021

Нема докази дека во Белгија сè повеќе млади „паѓаат“ од вакцините

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека сè повеќе млади луѓе во Белгија паѓаат, вакцините се ѓубре и дека во Белгија починало 15-годишно дете. Иако во постот не се доведува во прашање експлицитно наводната смрт на детето со вакцината, таа информација е ставена во контекст на постот во кој се кажува дека сè повеќе млади паѓаат од вакцини кои се, според авторот, ѓубре. Тоа е, впрочем, и главниот тон кој провејува во постот, да се инсинуира дека неквалитетот на вакцините предизвикува сè повеќе млади луѓе да умираат и да се чувствуваат лошо од нив. Кога во пребарувачот Гугл пребарав…

Окт 5, 2021

Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови

На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека со вакцините против ковид-19 се вградува чип кај луѓето. Постот с…

Окт 5, 2021

Вакцините функционираат, никој не тврди дека се 100 отсто ефикасни

И невакцинираните и вакцинираните можат да заболат и да го пренесат вирусот, со тоа што разликата во исходот од болеста може да биде многу поразлична за овие две групи. Сепак, најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна и тоа досега никој не го тврдел. Делта сојот ја промени, односно ја намали ефикасноста на вакцините, но тие сè уште во најголем број на случаи спречуваат тешка клиничка слика, хоспитализација и смртен исход. Фејсбук објава шири дезинфор…

Окт 5, 2021

Цела пандемија теоретичарите на заговори дезинформираат за ,,пландемија”

Во постот што го рецензираме, изнесени се купишта дезинформации, како таа за ПЦР тестот, но и тврдењето дека политичарите лажно се вакцинирале. На теоретичарите на заговори дури и со камера им беше вршен директен пренос од вакцинацијата на политичарите, но и тоа не им е доволно да поверуваат дека политичарите навистина примија вакцина. Неточно е и изнесеното во постот дека вакцината не е испитана. Целата теорија на заговор за „непостоечката пландемија“, се врши и врз грбот на медиумите, кои во текот на пандемијата известуваа секојдневно од многу ризични локации, како болници, ковид одделе…

Окт 2, 2021

ФДА не рекла дека вакцините убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат

Стив Кирш не е вработен во Американската агенција за храна и лекови (ФДА), па оттука и неговите ставови во никој случај не можат да се оценат како ставови на Агенцијата, ниту, пак, може да се каже дека имало превирања во ФДА во врска со квалитетот на вакцините. Кирш не е медицинско лице и неговите наводи не се научно базирани. Тој се повикува на системот ВАЕРС до кој несакани ефекти по вакцинација може да пријави секој. Според тоа, тврдењето во овој пост на Фејсбук, дека ФДА излегла со став оти вакцините против ковид-19 „убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“ е дезинформација. Тоа е с…

Сеп 30, 2021

ПЦР тест не покажува дека „лош грип“ е ковид!

Наративот во постот што го рецензираме е фиктивна приказна, измислица со која се поистоветуваат ковид и грип, како да се работи за една и иста болест, иако повеќе пати е објаснувано дека ковид има повисока смртност од грипот и за него не постои еден специфичен лек. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се се говори за ковид-19, која е посебна болест предизвикана од коронавирусот, но во овој пост таа се поистоветува со грипот. Постарите се плашат од ковид, па потоа фаќаат некој лош грип. Лажниот ПЦР тест им кажува дека се позитивни, и одат во болница чувствувајќи се ужасно и в…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top