Ное 4, 2021

Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Составот на вакцината на „Фајзер“ е јавно достапен и може да се види дека вакцината не содржи живи организми, туку само хемиски компоненти кои го поттикнуваат човечкото тело да произведува антитела против ковид-19. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е к…

Ное 4, 2021

Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се  категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори од огр…

Ное 4, 2021

Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате

Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така, без никаков доказ паушално се тврди дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Но, не се кажува  кои се тие доктори, од каде се,  ниту пак, е објаснето како дош…

Ное 4, 2021

Ковид-19 постои и е сурова реалност

Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри ко…

Ное 2, 2021

Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“,  дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени од ЕМА – „Фајзер“,…

Ное 2, 2021

Не е точно дека вакцинираните имаат 99 проценти шанса да заболат од ковид

Невистинито е тврдењето во постот дека ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид, ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга). Во постот што го рецензираме, а којшто е споделен на Фејсбук, преку неправилна интерпретација на два параметри – апсолутен р…

Ное 2, 2021

Вакцината против ковид не е генетска терапија, не ја менува човековата ДНК и не содржи луцифераза

Зборот луцифераза има корен во латинскиот збор „Луцифер“, што значи осветлен. Иако ензимот луцифераза има слично име со „ѓаволот“- олицетворението на злото во многу религиозни приказни, единствената конекција меѓу луцифераза и „Луцифер“ е во коренот на нивните имиња. Не е вистина дека вакцините се генетска терапија. Вакцините се испитани, имаат поминато сеопфатни испитувања на репрезентативен примерок и се одобрени од многу медицински агенции и тела. Присуството на липидните наночестички во ковид вакцините не значи дека тие во себе може да содржат роботи или компјутери. Во овој случај, из…

Јан 28, 2022

Не е точно дека вакцините од некои серии предизвикуваат поголема смртност отколку други серии

Ограничувањата на ВАЕРС системот се тоа што нема невакцинирана група за споредба, не може да искалкулира колку често несаканите ефекти се случуваат, и генерално не може да утврди дали вакцината го предизвикала несаканиот ефект. Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека вакцините против ковид-19 се „отровни“. Ваквиот заклучок, авторката на објавата го темели на системот за пријавување несакани ефекти од вакцините во САД, ВАЕРС, каде што буквално секој може да пријави несакан ефект, вклучително и смрт, без притоа да има доказ за причинско-последична врска м…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top