Вакцинацијата не се одвива под „уцена од фармацевтската мафија“, како што тврди постот, туку имунизацијата против ковид-19 во С. Македонија е на добороволна база. Исто така, ниту една вакцина против ковид не е генетска терапија, бидејќи научно е потврдено дека вакцината не е во контакт со човечката ДНК, која е носител на генетскиот материјал. Дека вакцините не се „шприцови за болест“, покажуваат и анализите за бројот на заболени и починати од ковид во С. Македонија, кои редовно ги објавува Министерството за здравство, од каде се гледа дека тие во најголем дел се невакцинирани.
Водејќи се…
Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус.
На социјалните мрежи се …
ХЕК 293 клетките се користат широко во фармацевтските истражувања, помагајќи им на научниците да креираат вакцини, како и лекови за ревматоиден артритис. Важно е да се забележи дека ниту еден дел од клетките од бубрезите на абортираниот фетус, не се дел од засладувачите на Сеномикс, ниту пак се дел од завршните продукти, во случајот Кока Кола! Ниту Кока Кола, ниту било која компанија за храна и пијалоци во САД не користи производи за конзумација направени со користење на ткиво од неродени абортирани бебиња. Она за кое што станува збор овде е единечна клеточна линија изведена од еден, здра…
Научни студии и анализи секојдневно потврдуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и ефективни, спречуваат тешки форми на болеста и превенираат од смрт. СЗО и ЕМА годинава ги одобрија вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ за употреба и кај деца од 12 до 17 години. Испитувањето покажа дека ниту едно од 2.163 деца кои ја примија вакцината не разви ковид-19. САД и други земји, меѓу кои, Велика Британија, Израел, и Белгија, се изјаснија за приоритетна вакцинација на трудници.
Пост на Фејсбук шири дезинфомации и теории на заговор за постоење на глобалсатанисти, по чии инструкции, наводно,…
Графен оксидот се смета за алатка за подобрување на ПЦР-тестирањето, но во овој случај супстанцата се користи директно за време на анализата, а не за време на земање мостри од биоматеријалот. Во стапчињата за брис со кој се земаат примероци од мукозните мембрани на човечкото тело нема графен оксид. За време на земањето на ПЦР-тестот (брисот), графен оксидот не доаѓа во контакт со телото на пациентот на каков било начин и не може да предизвика никаква штета.
Пост на Фејсбук шири дезинформации дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот се руски рулет, односно дека брисевите содржат г…
Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана, не e поткрепена со никакви факти и е невтемелена во реалноста. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се поврзани. Единственото заедничко за нив е што се случуваат во време на пандемија, кога дел од луѓето се окупирани со ширење на конспирации за дисквалификација на вакцинални…
Факт е дека ниту една одобрена вакцина против ковид -19 не содржи вирус. Наспроти тврдењето во постот, ниту вакцинираните добиваат вирус преку вакцината, ниту се поопасни од неимунизираните. Научен факт е дека вакцинираните многу побрзо го елиминираат вирусот, а доколку се разболат, имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација.
Фејсбук објава обвинува дека вакцинираните го шират коронавирусот преку вакцината. Постот е полн со дезинформации и дава сосема искривена слика за вакцините против ковид-19 и за самиот процес на имунизација.
Неточно е тврдењето дека нева…
Во постот наменски е прикажано манипулативно видео извадено од контекст. Темата на којашто говори Бил Гејтс во 2010 година во „Тед Разговорите“ воопшто не е поврзана ниту со ковид, ниту со депопулација на населението преку вакцинација. Говорот на Гејтс е фокусиран на потребата да се елиминира емисијата на јаглерод диоксид со нови пристапи на енергетска продукција за да се избориме со климатските промени. Впрочем и самото видео коешто е претставено во постот датира десет години пред појавата на пандемијата на коронавирусот и вакцините.
Рецензираме уште еден од големата низа постови на Фе…