Авг 23, 2021

Лажно се имплицира дека смртта на 49 годишна жена од Куманово има врска со вакцината

Пациентката на возраст од 49 години починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со 1 доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира на тој начин што селективно ги прикажува податоците и ги вади од контекст. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од ковид, туку само се кажу…

Авг 23, 2021

После вакцинацијата не станувате магнет

Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко дејство, ниту пак, магнетизирачки компоненти, пишувавме повеќепати. Она што е јасно е дека вакцините на ниту еден производител не содржат метали. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардна…

Авг 23, 2021

Антидатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува еден куп лажни податоци за коронавирусот и за вакцините. Со лажните информации во комбинација со наводно предвидување на вирусот, се цели кон постигнување на лажна слика за овој вирус и неговата опасност како и одвлекување на граѓаните од процесот на вакцинација. Вирално се …

Авг 23, 2021

ПЦР тестот не регистрира настинка и грип божем се ковид, туку е специфичен само за коронавирусот

ПЦР тестот регистрира само коронавирус, а не вирус што е причинител на настинка или грип, како што дезинформира оваа објава на Фејсбук. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Тие се единствено присутни во градбата на Сарс Ков 2 вирусот. Рецензираме пост во кој се тврди дека ПЦР тестот е лажен и регистрира настинка и грип како ковид: Се додека лугето прифаќаат лажен тест кој регистрира настинка и грип како ковид, и нема крај на оваа ноќна мора! Ова не е точно. ПЦР тестот регистрира са…

Авг 23, 2021

Со мешање „баби и жаби“ се прави обид да се дискредитира вакцината

Објава на Фејсбук намерно, на еден манипулативен начин прави несоодветна споредба, паушално изведува проценти на новозаразени вакцнирани лица и во јавноста создава искривена слика за ефикасноста на вакцините. Статистиката за којашто говори министерот Филипче – дека само 0.02 проценти од ревакцинираните се заразиле со ковид, се однесува на ниво на целата држава и на периодот пред 27 јули, кога немаше многу новозаболени. А, статистиката за која говори доктор Нуредини се однесува на една болница (Тетово) и за 9 август, кога значително почна да расте бројот на заразени. Така што, не може да с…

Авг 23, 2021

Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што не може сите случаи …

Авг 23, 2021

Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто би можела да биде …

Авг 23, 2021

Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и од грип. Во екот на панедемијата со коронавирусот, односно нејзиниот четврти бран, кој беснее во Британија, а особено во есенските месеци, поради сличноста на симптомите тешко ќе биде да се разграничи кои лица имаат грип, а кои ковид. Особено зашто делта варијантата к…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top