Авг 25, 2021

Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна  вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000, а тоа потенцијално м…

Авг 25, 2021

Во вакцините против ковид 19 нема графен оксид, луцифераза или спајк протеин

Дезинформација е тврдењето изнесено во постот дека во вакцините против ковид-19 има графен оксид, луцифераза или спајк протеин, а споменувањето на другите состојки во фотографијата на постот во контекст на заплашување и спречување на вакцинацијата го сметаме за манипулативно зашто содржи полувистини, невистини и извртувања. Ензим луцифераза, спајк протеин и графен оксид, се трите состојки кои се наведуваат како постоечки во вакцината во постот што го рецензираме. Во постот експлицитно не се наведува дека се мисли на вакцината против ковид-19. Меѓутоа, со оглед на тоа дека дезинформациите…

Авг 25, 2021

Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“. Пост на Фејсбук шири невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете инфромации не се точни. 19.08.2021 Македонија Ч…

Авг 25, 2021

Видеоматеријал на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот во вакцината е опасен и предизвикува смрт

Tврдењата за опасноста на спајк протеинот и неговата поврзаност со вакцината, изнесени во видеоматеријалот што се споделува во оваа објава, ги оценуваме како невистинити. Голем број медицински извори укажуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и истиот е во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор. Во објавата погрешно се интерпретира научна студија. Според коавторот на студијата, присуството на минорни количества спајк протеин не значи дека мРНК вакцините имаат потенцијал да предизвикаат сериозна штет…

Авг 25, 2021

Грешна информација злоупотребена за да се наштети на процесот на вакцинација против ковид-19

Информацијата дека најмногу од пациентите примени на Инфективната клиника се со примени две дози вакцина, експресно ја демантираше Министерството за здравство. ТВ 24 која ја објави (дез)информацијата го пренесе демантот, посочувајќи дека била направена ненамерна грешка и ја повлече веста. Но и покрај тоа, оваа објава на Фејсбук го користи ваквиот пропуст на телевизијата и продолжува да ја шири неточната информација за да му наштети на процесот на имунизација. Анализираме пост на Фејсбук, кој користи веќе повлечена и демантирана информација на Телевизија 24 со цел да го оцрни процесот на …

Авг 25, 2021

Младата медицинска сестра од Кичево не била вакцинирана

Оваа вирална објава на Фејсбук пласира лажна информација дека починатата медицинска сестра претходно била вакцинирана со две дози „Фајзер“. Од Минитерството за здравство, од Инфективната клиника во Скопје и од Општата болница во Кичево информираа дека медицинската сестра воопшто не била вакцинирана. Постот намерно ја дезинформира јавноста, создава погрешна слика за ефикасноста на вакцините и ги наведува луѓето да не се вакцинираат. Пост на Фејсбук шири невистини дека младата медицинска сестра од Општата болница во Кичево, која почина на Инфективанта клиника во Скопје од последици на коро…

Авг 25, 2021

Злоупотреба на Нирнбершкиот процес во антиваксерска кампања

Постот ги извртува и фалсификува историските факти. Со Нирнбершкиот процес не се одлучило дека „давањето на лекови против волјата на субјектот ќе се третира како злосторство против човештвото“. Не постои паралела помеѓу Нирнбершкиот процес и пандемијата од коронавирусот, ниту со вакцинацијата против ковид-19. Оваа фабрикувана објава ја манипулира јавноста преку споредувањето на судењето на нацистите од Втората светска војна и сегашната борба против епидемијата на коронавирусот. Колаж од шест фотографии се кристи во објава на социјалната мрежа Фејсбук за злоупотреба на Нирнбершкиот проц…

Авг 25, 2021

Не е точно тврдењето дека ниедна телевизија не објавила за протестот против ковид мерките

Фејсбук пост тврди дека ниедна телевизија не известила за протестот што во недела (15. август 2021) се одржа во центарот на Скопје, како и во неколку други градови. „Срам за нивната (на медиумите н.з.) објективност“, пишува во постот кој има педесетина коментари и 11 споделувања. Во коментарите продолжуваат нападите, а еден од коментарите гласи: „Тие се платени ковид портали за перење на мозокот на луѓето…работат за сатаната “. Понатаму се предлага да се бојкотираат и да се блокираат ТВ станиците, а се споделува и новосоздадена Фејсбук група насловена како „Бојкот на медиуми“ во која мед…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top