Сода бикарбоната и лимонот не се никаков „спасоносен лек“ за заштита од вируси воопшто, а најмалку за заштита од коронавирусот, како што се тврди во објавата, која може да влијае на задоцнет третман и ненавремена имунизација кај населението како единствена ефикасна заштита од ковид-19. Оваа мешавина нема ефикасни ефекти, а може да биде многу опасна, ако содата се зема во големи количини, па дури и да предизвика труење. Научните истражувања потврдуваат повеќе опасни ризици по здравјето на луѓето, особено за оние кои имаат здравствени проблеми, како и за нусефектите од конзумирање со лекови…
Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја шират делта варијантата подеднакво, но вакцината штити од тежок исход и хоспитализација како и од смртност кај оние што ќе ја примат.
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени невистинити информации. Во постот се вели:
Прашање …
Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Исто така, во вакцините нема чипови. Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и ког…
Во постот се прикажани фотографии од комплексот клиники „Мајка Тереза“, направени на 22 август неработен ден, недела. На нив се гледа дека на паркингот и пред ковид амбулантата е празно. Но, врз основа на овие снимки не може да се извлече заклучок дека на клиниките „Мајка Тереза“ нема пациенти. Во работен ден, како што и самите се уверивме, состојбата е дијаметрално спротивна. Во овој пост е испуштен контекстот. Вистинта, за жал е таква што ковид центарот во комплексот клиники „Мајка Тереза“ е преполн со пациенти. Според министерот Филипче, на 24 август, целосниот капацитет на Инфективнат…
Не е вистина дека коронавирусот не постои. СЗО уште минатата година прогласи пандемија заради високиот број на новозаразаени и починати од компликации предизвикани од вирусот. Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2 заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични.
Рецензираме пост на Фејсбук со видео од …
Австралија, според Worldmeters, има 25.836.750 жители. Во сите четири градови заедно, каде имаше протести, според полициските податоци, излегле 10.500 граѓани. Најголем број на граѓани – околу 4.000, имало на протестите во Мелбурн, град со 4,2 милиони жители. Во најголемиот град во државата, Сиднеј, кој има 4,6 милиони жители, протестирале 3.500 граѓани, 2.000 во Бризбејн и 1.000 во Перт. Така што, протестите не биле огромни, како што се прикажува во постот. Исто така, тврдењето дека e „започната револуција“ е далеку од реалноста, бидејќи на протестот не беа изнесени политички барања и не…
Вакцините кои се користат во Македонија не се експериментални. Вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото ефикасно средство …
Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина. Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови несакани ефекти (евентуално) кои не се наведени во упатството за користење.
Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се тврди дека извесен доктор Шон Брукс, к…