Австрија не присилува никого да патува во оваа земја, а уште помалку „ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги успоубијат“, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Но, секоја држава има дискреционо право да одлучува за исполнување на неопходни услови при влез на нејзина територија. Според важечките правила на земјата, бремените жени и оние кои не можат да ја примат вакцината од медицински причини може да влезат во Австрија ако покажат медицински сертификат и негативен ПЦР тест. Значи, постојат и исклучоци од правилото за оние кои од медицински причини не смеат да се вакцинираат, с…
Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го докажуваат тоа. Ако во постот под глупости се подразбира пандемијата, која го зафати цел свет, тогаш воопшто не станува збор за никаква глупост.
Само прекинете да носите маски и ќе видите како сè ќе се врати во нормала. Маскиве се основа на сите овие глупости. Без основата сè ќе се распадне. Бидете достоинствени и сами одлучувајте за своето лице, своето тело и своет…
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека вакцините се отровни. Иако експлицитно не се наведува видот на вакцината, сепак, поради тоа што повеќепати од страна на антивакцинални кругови е проширена дезинформацијата дека вакцините против ковид-19 се отровни, а и поради контекстот на масовна имунизација против ковид, може да се заклучи дека се алудира на овие вакцини.
Арно ама, не е вистина дека вакцините против ковид содржат отров. Во минатото во повеќе различни наврати, се тврдеше дека ,,отровот” потекнува од различни места , на пример, дека вакцините содржат отров од змија ѕвечар…
Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се изнесени статистики во однос на процентот на заразени од вакцинирани во Израел.
Во постот е изнесено тврдење дека 70 проценти од вакцинираните во Израел се заразиле со коронавирусот, без да се прецизира на кој период се мисли, во која временска рамка се заболените, со колку дози се вакцинирани тие што авторот ги смета за вакцинирани и така натаму.
Во Израел 70 проценти од вакцинираните заболеа. А се што требаше да направат е да останеа такви какви што Бог ги беше створил.
Министерството за здравство на Израел на својата веб-страница прави јасна д…
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Министерството за здравство на Србија, признало дека нема никакви докази за коронавирусот, ПЦР тестот и ефикасноста на маските.
Постот, всушност, е поткрепен со текст објавен на порталот „Коловрт“, кој ја негира пандемијата, ефикасноста на маските, промовира ставови кои одат против медицинските препораки и едноставно го негира постоењето на пандемијата со коронавирусот.
Кога ќе се погледне текстот, евидентно е дека некое здружение на граѓани во Србија, преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за зд…
Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 била создадена пред вирусот да биде јавно познат.
Јасно ви е дека вакцината е создадена пред вирусот да биде јавно познат. Ова ја објаснува и брзината со која што дојде тој „лек“. Причината поради која не беше објавена порано, беа сложеноста на договорите и уверувањата што им беа потребни на фармацевтските компании од владите за да се откажат од нивната одговорност во однос на одговорноста, се вели во постот.
Ваквото тврдење не е точно.
Вирусот ковид-19 беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 г…
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека основачот на „Бионтек“, (компанијата која заеднички со „Фајзер“ ја создаде мРНК вакцината), Угур Сахин, наводно, изјавил дека никој од вработените во компанијата не ја примил вакцината.
Во постот уште се вели дека „никој во „Фајзер“ не го примил сопствениот производ“ (вакцината н.з.), притоа се наведува и дека:
Сите луѓе што се запознаени со содржината на боцките, односно наводните вакцини против наводниот коронавирус ковид-19, а особено вработените кои ги произведуваат истите боцки, како и сите политичари, лекари, новинари… кои агитира…
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека единствената функција на вакциналните пасоши е да ги контролира луѓето. Притоа не се прецизира за каква точно контрола станува збор.
Ако вакцината ве штити од сериозна болест, а сепак можете да заболите од ковид и сепак да заразите други, тогаш ЕДИНСТВЕНАТА поента на вакциналниот пасош е да не контролира, се вели во објавата.
Меѓутоа, вакциналниот пасош има неколку улоги и функции, кои не вклучуваат контрола во нив. Како што се вакцинираат сè поголем број луѓе, владите во светот се потпираат на овие пасоши како начин повторно да го от…