Post Views: 7
За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се...
Post Views: 1
На врвот од прироитетните листи во повеќето основни училишта во градот е замена на дотраената дограма. Поставување на современи врати и прозори е приоритет за менаџерите на училиштата кои успеавме да ги исконтактираме.
Силвија Мојсоска директор на ОУ Григор Прличев ја нагласува оваа потреба ,а кажува дека за старата училишна зграда која претрпела помали ошетувања во јулскиот земјотрес добиле препораки да се реконструираат ходниците и ѕидовите. Потреба има и од промена на подни плочки во двете училишни згради, напоменува Мојсоска. Во една од најстарите училишни згради...
Post Views: 13
Информацијата за независна кандидатура на досегашниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, која денес беше објавена од страна на некои медиуми, официјално не е потврдена. Градоначалникот на Општина Дебрца, за ТВМ вели дека има такви размислувања, но сеуште не е ништо дефинирано.
Подетално ќе се знае во текот на утрешниот ден, а ТВМ Телевизија ќе го пренесе официјалниот став.
Post Views: 5
Македонија мора да има стратешки пристап кон актуелните теми како што е насилниот екстремизам, радикализам, тероризам и менаџирање на кризни ситуации и не смееме да дозволиме екстремистички организации да се споротивставуваат на нашиве вредности за универзални човекови права, еднаквост пред законот демократија и целосно функционирање на нашето општество, истакна Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората Конференција за справување со верски екстремизам, која што се одржува во Охрид. Спасовски истакна дека првите чекори за јакнење на капацитетите на државата...
Post Views: 0
Во законодавниот дом вчера пратениците со 70 гласа „за“ и ниту еден воздржан и против, го изгласаа Законот за минимална плата кој предвидува таа да изнесува 12.000 денари.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата. Според нив, предлогот на Владата е предизборна популистичка мерка на краток рок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив е посебно спорна одредбата од законот која предвидува минимална плата од 12.000 денари да добиваат само работниците кои...
Post Views: 5
uTorrent го користат 150 милиони корисници ширум светот и станува збор за дефинитивно најпопуларната програма за споделување на содржини кои од почеток па до денес беше потполно бесплатна, што наскоро тоа би можело да се промени.На порталот TorrentFreak е објавена вест која ја возбуди интернет заедницата, бидејќи во BitTorrent компанијата, која е мајка и татко на uTorrent, размислуваат за воведување модел на наплата за користење на овој P2P софтвер. Сепак, во објавата на BitTorrent стои дека “нивниот тим секојдневно напорно работи за да оваа програма секојдневно се развива,...
Post Views: 4
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело.
Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош.
Post Views: 5
Собранието на Македонија на денешната 87. седница со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав.
Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе ДУИ откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Македонија.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Опозициските СДСМ и НСДП исто така ја прифатија иницијативата на ДУИ.
{loadposition content9}
Post Views: 19
Поминува уште една летна сезона ,а за туристите и жителите од населбата Далјан и годинава ќе остане со истата слика запуштена околина и плажа. Tие издејствувале да се постават неколку канти за отпадоци на плажата но досега никој не ги празни. За постaвување на клупи за одмор или осветлување на крајбрежјето жителите од оваа населба ќе чекаат до некоја следна сезона. Во мирната населба Далјан која е сместена на североисточното крајбрежје на езерото во лето одмараат повеќе од 10.000 туристи. Меѓу нив е Томислав Спасески од Минхен, Германија. Уметникот Спасески три месеци...
Post Views: 2
Од ОО Црвен Крст организираа уште една успешна крводарителна акција. 40 -тина крводарители ја покажаа својата хумана страна и дарувајќи крв ја поддржаа крводарителната акција, информира Сашо Точков претседателот на ОО ЦК. Во летниот период најголеми се потребите на крв во здравствените установи,а на денешната се приклучија покрај хумани граѓани, поединци така и членови од здружението Методи Патчев и маркетите Тамаро , посочува Точков.
„Ја најавувавме како голема крводарителна акција и ја оправдавме таа придавка. Очекувавме од 20 до 30 крвни едници дека ќе собереме од...
Post Views: 4
Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска.
„Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...
Post Views: 1
Во хотелот Далјан на езерскиот брег со многу насмевки и позитивна енергија глувите и наглувите лица ги одржаа традиционалните „Игри без граници“. Глувите лица се дружат , но ја потсетуваат околината дека сакаат рамноправно да учествуваат во сите случувања во општественото живеење, напоменуава Славица Стефаноска претседател на охридското здружение. На манифестацијата со спортско забавен карактер зедоа учество стотина лица од сите здруженија на глувите лица од земјава и го одбележаа светскиот ден на глувите, појаснува Стефаноска.
„ Сакавме да го искористиме убавото време...