Post Views: 7
Бесплатна здрава храна за учениците од прво до петто одделение. Денес кандидатот од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ, Ангел Јанев на прес конференција ја најави оваа идеа која планира да ја воведе во општинските училишта кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски доколку ja добие довербата на граѓаните. Тој рече дека многу се предизвиците на кои што треба да се работи и сработи а околу тоа кој и како ќе работи и сработи, ќе одлучат граѓаните.
„Во новата програма на д-р Митко Тилевски, се предвидува и проектот, „здрава исхрана“ за сите ученици во пониските одделенија,...
Post Views: 1
Презентирани реузлатите од тригодишните активности на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Во изминатиот период успешно се реализирале бројни проектни активности. Создале услови, оствариле контакти и координирале субјекти со идеи и иницијативи за економски развој кој го сместуваат Центарот за развој на Југозападен плански регион во врвот на останатите региони во земјава. Проектите започнале во 2014 година и во текот на овој период се реализирани меѓу другите „Комуникациска стратегија за поддршка на мали и средни претпријатија“, „Водич за инвестирање со...
Post Views: 0
Музиката е магнет кој трајно привлекува. Денес постојат многу музички имиња на македонската естрада, но ретки се вистинските звезди, забележува познатиот дисџокеј Славе Ќелешоски, од Струга. Според него, кога се работи за забава, секое време си има свое обележје, но најважно од се е добро да се опипа пулсот на публиката и да заиграш во нејзин ритам. „Кога сум во улога на ди џеј, пуштам добро проверена музика, играм, пеам, зборувам со присутните, а не ретко се случува да истурам и кофа вода врз нив, се` во интерес на добра и незаборавна журка, раскажува Ќелешоски.
„Да...
Post Views: 2
Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со овој...
Post Views: 5
Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље. Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето кој со години го имаат жителите на ова населено место.
Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и се гради по сите најсовремени стандарди за водоснабдување.
Градежните активности ги изведува ДОО „Бокоп“, а целокупната инвестиција на проектот изнесува 3.117.752 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.
Post Views: 4
Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат.
Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа подготовките...
Post Views: 3
Денес ги отвораме вратите на новите предизвици, нови реализации, проекти, работни места во Охрид истакна на првата прес конференција Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Митко Тилевски. Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на РМ, бидејќи ние вистински го сакаме својот град, секогаш работиме за него, додаде Тилевски. Тој нагласи дека уште веднаш почнуваат со работа која ќе триумфирала со победа уште во првиот круг.
„Ќе го посетиме секое маало, улица и куќа презентирајќи ја програма. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните, заедно продолжуваме...
Post Views: 0
Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018 година, најави ТАВ Македонија.
По успешните преговори што ги водеше маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, авиопревозникот ја потвдри својата одлука за почеток на операциите од Македонија, и ќе воведе сезонски летови од естонскиот главен град до македонскиот туристички бисер- Охрид, од почетокод на летната сезона во 2018 година.
– Среќни сме што најавуваме уште една нова дестинација од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до...
Post Views: 1
Познатите режисери Ken Loach, Mike Leigh и Wim Wenders потпишале отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое бараат ослободување на Олег Сенцов и истрага за наводите дека бил мачен. И руските филмаџии се придружија на нивниот апел, пишува Guardian.
Воениот суд во Русија (Ростов) го осуди украинскиот режисер Олег Сенцов на 20 години затвор по судењето кое Amnesty International го нарече “судење во Сталинистички стил”.
Сенцов (39) и неговиот соработник Александар Колченко, кој е осуден на десетгодишна казна, се обвинети за планирање на терористички напад...
Post Views: 3
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика.
Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија.Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектитие кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко...
Post Views: 2
Според податоците кои се објавени од Меѓународната агенција за истражување на ракот ГЛОБОКАН, во 2012 година во Македонија се детектирани 1.152 нови случаи на рак на дојка, а 431 се починати, изјави денеска претседателот на Здружението за борба против рак „Борка“, Биба Додева.
Таа денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, а претставници на „Борка“ на пациентките им поделија подароци.
Додева посочи дека станува збор за навистина енормно зголемување на бројот на заболени од...
Post Views: 8
Влегувам во оваа трка со чисто срце и душа , а како иден градоначалник најсовесно ќе ја извршувам својата одговорност и должност кон граѓаните , кон сите Вас, истакна Митко Тилевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата, пред охриѓани и присутните од караванот на изборната кампања за локалните избори.
„ Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти и да го усоврши вистинскиот европски лик. Околу мене има тим соевтници фокажани восвојат фела полни сознаење и вистинска љубов кон Охрид и охриѓани. Веуверувам дека како граѓанска, демохристијанска...