Post Views: 0
Google знае скоро сѐ што ќе ви падне напамет, од животниот век на козата па сѐ до името на актерот кој го играл Wolwerine, а за да сето тоа го дознаете морате да впишете што точно барате од одредено прашање.
Но, Google на својот интернет пребарувач ја претстави својата нова функција која на корисниците при пребарувањето ќе им исфрли интересни факти за сѐ и сешто.
Имено, во полето за пребарување потребно е да впишете “fun facts” и веднаш над резултатите испишува некој интересен факт кој Google по случаен избор го наоѓа на некоја од страниците.
Кога корисникот ќе ја прочита...
Post Views: 1
Денес во големата општинска сала беше претставена прогамата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“. Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои се и организатори на настанот Инфо ден, кажаа дека задоволни се од одзивот на Охрид и Универзитетот „Св Апостол Павле“. Програмскиот офицер Александар Богоевски рече дека во 2009 година имало само пет студенти кои реализирале студенски мобилности надвор од нашата земја, за да академската 2017 – 2018 има повеќе од 500 студенти.
„Самата...
Post Views: 20
Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.
Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...
Post Views: 0
Штедењето, односно чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството. Да се заштеди пари е добар чекор но колку денес може да се постигне тоа. За охриѓани речиси е и невозможно да заштедат некој денар барем според дел од испитаниците во нашата анкета на тема: Дали штедите?
Милчо Митрески директорот на Охридската експозитура на НЛБ Тутунска Банка, пак вели дека изминатиов период политичката криза и нејзините импликации во случувањата на економски...
Post Views: 2
Успешноста на туристичката сезона во општина Охрид се гледа и од податоците за прилив на средства од туристичка такса за привремен престој на гостите. Во охридската општинска каса по овој основ дооктовнри 2017 се инкасирале над 16 милиони денари. Износот спореден со минатата година е со благо покачување од 1,7 посто, велат од ТЛЕР според податоците од општинското одделение за финансии.
„ Таксата за привремен престој заклучно со 30.10 2017 има уплата од над 14 милиони денари од правни лица додека од физички лица има уплата од над 2 милиони денари или вкупен изнод од...
Post Views: 4
Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП била добредојдена.
„УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко.
Екипата на УНДП, беше во добра ...
Post Views: 2
Околу двете зелени оази во Христо Узунов наменети за пресирање на отпад секојдневно има огромни количини депониран градежен шут, но и разни делови од мебел. Граѓаните кои тука живеат реагираат на грдата слика поврзана со хигиената во населбата и околу контејнерите.
„ Од цел град се носи и никога не го интересира да преземе некој мерки или нешто“, вели еден од жителите кој сакаше да зборува на оваа тема.
Жителите од населбата ја избегнаа камерата на ТВМ за јавно да прозборат за овој сериозен комунален проблем, но зад објектовот на камерата бараат дислокација на прес контејнерите...
Post Views: 9
Општина Охрид објави повик за прибирање идејни решенија за уредување на плажите на Охридското езеро.
Целта на повикот е вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на Охридското езеро согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи.
Повеќе информации на следниот линк
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и ,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово.
Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи.
Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската...
Post Views: 0
Пишува: Билјана Т. Димко
На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 27.06.2020 беше објавен прилог: Прогонот врз Душко – млекарот кулминира со семејна драма https://alfa.mk/progonot-vrz-dushko-mlekarot-kulminira-so-semejna-drama/.
Предмет на оваа рецензија е необјективното коментаторско драматично однесување на новинарот на прилогот.
Подолу е цитирана клучната информација од овој прилог, и не содржи ништо драматично и семејно.
Битолчанецот Душко Млекарот, кој неколку години преку социјалните мрежи објавуваше материјали за незаконското работење на актуелната власт и кој,...
Post Views: 1
Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои златен медал на “UNICA” на 25-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, што се одржа во Битола. Во конкуренција на 41 филм, меѓународното жири предводено од проф. д-р Стефан Сидовски, во кое членуваат истакнати филмски работници од повеќе европски држави, одлучи златниот медал на “UNICA” за филм кој поттикнува разбирање помеѓу народите, да му припадне авторот на краткометражниот документарен филм “Страсна недела- Бигорски манастир”. Документарецот...
Post Views: 2
Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид. Таа во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. презема почетен план за решавање на овој долгорочен проблем. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар. Градоначалникот Јован Стојаноски денес одржа состанок со претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата.Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански...