Од денес бензините поскапи

Post Views: 0 Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за 2 денари за еден литар. Еуросупер БС 95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари. Еуросупер БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари. Дизелот поскапува за 2 денари и еден литар ќе ќини 54 денари.

Continue reading

Грданоски: Целосна ангажираност, посветеност кон работата и минимум време поминато во канцаларија, ќе бидат дел од моето секојдневие во ЈП

Post Views: 0 Повеќе приоритети се дел од програмата на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. Тој вели после 15 години стаж на неколку позиции во ова ЈП добро му било познато како дише претпријатието и каде се концентрирани најголемите проблеми. Грданоски кажа дека возниот парк во делот на механизација потребно е од корен да се измени, односно да се набават неколку нови возила. „Околу проблемот со старата механизација веќе се соочуваме околу подготовката за зимско оддржување. Тука сме веќе дефицитарни со еден камион помалку во однос на претходните години. Тука...

Continue reading

Тест кој покажува што навистина Facebook знае за Вас

Post Views: 8 Научници од Универзитетот Кембриџ развија сосем посебна веб апликација наречена Apply Magic Sauce која има само една намена и задача а тоа е да ја процени вашата личност исклучително врз основа на вашиот профил на Facebook. Не е потрбно ништо да правите, освен да се логирате на веб страницата со вашиот Facebook профил и да проверите дали е ова навистина тестот кој може да ве процени подобро од вашите пријатели, роднини, брачни партнери, колеги…Сето ова се прави врз основа на вашите “лајкови” кои ги оставате на Facebook. Британските научници тврдат дека направиле...

Continue reading

Викендов расчистени диви депонии во Даљан и каналот кај „Бистрица“

Post Views: 2 Eкипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ викендов спроведоа вонредни акции за расчистување на диви депонии на повеќе критични точки. Во населбата „Даљан„ расчистени се диви депонии на шест микро локации каде несовесни граѓани депонирале градежен шут, кабаст и зелен отпад и најразличен комунален отпад. По барање на месното население и по добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, расчистен е каналот на река Грашница по нејзиното течение на ул.„Бистрица„. Со помош на специјална механизација отстранети се грмушки, друга дива вегетација...

Continue reading

Охридските угостители кројат најразлични стратегии како да привлечат гости

Post Views: 1 Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар. Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за да...

Continue reading

logo

Македонија и Охрид во мартовското издание на американскиот „Forbes“

Post Views: 1 Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата земја американскиот магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид, објавува порталот „Економски Лидер“. „Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за 3 % оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија , Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај Дуинг Бизнис за 2013 ја рангираше...

Continue reading

Се повеќе охридски ресторани ги следат трендовите во светската угоститeлска понуда

Post Views: 3 Охридските ресторани бележат напредок во угостителската понуда. Од ден на ден се менуваат застарените мениа и се повеќе ресторани во Охрид и Струга креираат успешна приказна преку стратегија и начин на презентација во сите сектори, вели професор Ангела Василеска од ФТУ. „Мило ми е што се освестуваат. Туристите бараат доживување. Поминаа времињата на само плажа, се бараат екслузивни места со коктели што ќе им останат во сеќавање за цел живот. Го имаме убавиот Охрид , културно историските споменици и погледот од милион долари, но дојде момент и на доживувања“, подвлекува...

Continue reading

sud

Одложен судскиот процес за спорот – „Пливалиште“

Post Views: 10 Повторно одложен претресот за случајот Пливалиште, Струга. Поклопувањето на датумот со несреќата, 11 ти септември, најверојатно е причината поради која дојде до одложувањето. Дел од бранителите уредно се појавија на закажаниот претрес не знаејќи дека е одложен, бидејќи не биле информирани до овој момент, додека пак дел од нив не се појавија, веројатно знаејќи за одлагањето на претресот. Според Димитрија Цобоски адвокат на Гоце Јанески, на денешниот претрес главен збор требало да има вештакот Чундев, поточно да одговори на неколку прашања битни за расветлување на мистеријата,...

Continue reading

Семафори најдобро решение

Post Views: 4 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро...

Continue reading

Расте бројот на жртви од ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

Post Views: 7 Бројот на жртви од ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава во Индонезија се искачи на 15, а 27 лице сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките напори продолжуваат и денеска по одложувањето предизвикано од лошите временски услови, меѓу кои ужарените остатоци и калта предизвикана од поројните дождови. Најмалку 56 луѓе се хоспитализирани, најчесто со изгореници. Џиновски столб од пепел и жежок гас се издигна 15 илјади метри на небото, кога највисокиот вулкан на Јава, Семеру, еруптираше на 4 декември. Неколку блиски села беа покриени со пепел, а речиси 3000 домови,...

Continue reading

Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение

Post Views: 2 Реконструкцијата и конзервацијата на Али пашината џамија која се наоѓа во строгиот центар на градот сеуште ја бранува охридската јавност. И покрај тоа што нема одобрение за градба од страна на Министерството за транспорт и врски, таму се вршат градежни работи, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Зафатите на овој објект започнаа уште пролетта и уште тогаш се градеше на терен иако Завод и музеј имаше издадено само одобрение за конзервација и реставрација на објектот, вели претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче. Тогашната...

Continue reading

Пожарот на Галичица сеуште активен

Post Views: 3 Општина Охрид внимателно ја следи состојбата со шумскиот пожар на планината “Галичица” кој е активен на потег во рамки на националниот парк. Пожарот, во текот на вчерашниот ден од територија на Албанија, каде што беше регистрирано почетното жариште, ја зафати шумата и на територија на Македонија. Вчера во 14 часот, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески по претходна координација со надлежните од Национален парк “Галичица” испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало, за проценка на пожарот и за спроведување на активности...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top