Post Views: 4
Викендов во Нови Сад се одржа 9-тото издание на меѓународниот танцов натпревар Dance Fest Novi Sad 2017, кој дефинитивно оваа година може да се нарече еден од најголемите танцови натпреварувања во Европа, но и најголем во Источна Европа. Вкупно во конкуренција беа 632 кореографии или повеќе од 3500 танчери од цела Европа, а ова година дури и претставници одЈужна Африка.
На овој натпревар се натпреваруваа и членовите на студиото за танци „Соната“, кое работи во склоп на Младинскиот Културно Образовен Центар Соната од Охрид. Со вкупно 39 натпреварувачи, односно 5 кореографии,...
Post Views: 0
Пристапен пат до парцелата за изградба на Дом за стари лица во Охрид е единствениот проблем поради кој сеуште не е отпочнато со градба на Домот за стари лица во Охрид. Како што соопшти Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид средината на август месец годинава издадено било одобрение за градба, со кое инвеститорот односно градежната компанија АД Илинден, може да почне со реализација на овој капитален и долгонајавуван проект.
„Најнов момент што треба да го посочам, она на што вие мислевте, е изградба на пристапен пат до самата парцела по кој ќе оди механизацијата на...
Post Views: 0
British Air одлучи да подари 400 авионски билети за дестинации ширум светот.
Сé што треба да направите е да појдете на нивната Facebook страница, да ја лајкнете и споделите фотографијата на авионскиот билет и да напишете коментар “thanks you”.
Среќните добитници ќе бидат извлечени и известени со пораки на 10-ти септември, а со четирите авионски билети секој добива и платено сместување спрема потребите во вредност од 5.000 долари.
Post Views: 5
Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите.
„И практиката покажува дека...
Post Views: 12
Крајбрежниот појас на Охридското езеро се нагрдува со пластичните шишиња и канти со кои се обележуваат патеките при пуштање на кајчината во езерските води. Со предлог иницијативата на УЗ Стар град се бара еколошки пристап на сопствениците и промена на досегашните навики , посочува Горан Патчев претседател на оваа УЗ. „Ние имаме иницијатива да се изработат типски бови со број на регистрација на кајчината. Затоа што во летниот период кога има туристи тие шишиња за пуштање изгледаат како ѓубре во езерото. Туристите не знаат дека тука се припуштаат кајчина“, подвлекува...
Post Views: 4
Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија речиси за сите заболувања.
Вкупната годишна заштеда за граѓаните и здравствените установи изнесува 3,2 милиони евра. Генеричките лекови во просек се намалени за 18 проценти, а оригиналните и иновативните за 6 отсто. Некои медикаменти се поевтини и за 5000 денари.
– Најголемо намалување се јавува кај следните генерики: Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата изнесува...
Post Views: 3
Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето.
Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност...
Post Views: 8
И додека секторот за туризам при Општина Струга сеуште ги обработува податоците за тоа како измина оваа туристичка сезона, хотелските работници од овој град задоволни ги тријат рацете. Хотелиерите се фалат дека од месец мај до октомври работеле со исполнетост од 80%, а 85% од гостите кои уживале на струшката ривиера биле странски гости. Ана Јанчева од „Хотел Дрим“ вели дека тајната на успехот се состои во богатата со содржини туристичка понуда, како и анимирањето на гостите за време на нивниот престој. Секако не смее да се заборави и збогатувањето на гастрономската понуда,...
Post Views: 5
Православните верници денес го слават Св.Арханел Михаил и сите небесни ангелски сили. Бројни беа верниците кои со молитва и свеќа утрово го посетија црковниот храм единствен во Охрид посветен на овој светец. Светителот Архагел Михаил со својата закрила под Бога ни дарува сила да чекориме во живот по патот на спасениети , вели отец Диме Азески, парохискиот свештеник.
„Во црквата посветена на Св. Арангел Михаил , која е единствена во нашиот град , има верен и голем народ кој пристапува за духовно да се нахрани и истовремено и слава на Бога да му вознесе. Да се заблагодари...
Post Views: 2
Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со мутирање на вирусот при што се случува промена на спајк протеинот кој е сменет 32 пати. Ова ја прави омикрон варијантата позаразна, иако засега нема доволно информации да се каже со сигурност...
Post Views: 1
50-тина жители од Кошишта бараат на дел од улицата Вардар да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Во барањето кое го доставија до редакцијата на ТВМ жителите од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев се револтирани што е променет видот на коловозот на дел од патот на улицата Вардар по изградбата на индивидуалната станбена зграда.
Тие во барањето го наведуваат името на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески кој ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба. Скаличките кои водат...
Post Views: 0
Согласно добиениот план за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/22 година, училиштата во Општина Охрид се целосно подготвени за започнување на наставата.
Училиштата се снабдени со дезинфекциони средства согласно протоколите за заштита од Ковид 19, а во текот на изминатиот период беше извршено чистење и дезинфекција на училишните објекти.
Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на...