Post Views: 1
Поради поставување на новогодишни украси и опрема во охридската чаршија, Локалната самоуправа ги известува сопствениците на деловните објекти и добавувачите, дека дотурот на стока можат да го вршат само со помали моторни возила (пик-ап и комбиња).
Доколку не се почитува оваа препорака, може да дојде до уништување на украсите и тешки последици врз возилата и лицата кои ги управуваат.
Post Views: 5
Дождот кој паѓаше изминативе два дена иво Охрид наврна 90 литри на м2 предизвика поплави на градските улици. Причина за поплавите покрај големото количество на дожд било и затајување на колекторскиот систем. Запушен ситем кај Даљан предизвика поплави на улиците Галичица, Дејан Војвода, Коста Абраш, Даљан, Лескајца, Железничка, Македонски просветители, Партизанска, Даме Груев , информира директорот на ЈП Нискоградба Гоце Ѓоршески. Додава дека екипите на ЈП Нискоградба и Проаква интервенирале и успеале да го пробијат колекторскиот систем.
„Тие проблеми се повторуваат...
Post Views: 2
Едно од најважните правила кое за корисниците на мобилни уреди кои работат на Android е апликациите да ги земаат само од официјалната онлајн трговија GooglePlay. На овој начин се намалува веројатноста од земање на некоја сомнителна и опасна апликација која би можела да го зарази мобилниот уред како што е апликацијата Adult Player.
Станува збор за апликација со содржина за возрасни која е наменета на љубителите на порнографија и која не е достапна на Google Play, туку корисниците можат да ја земат од други интернет страници. По инсталацијата оваа апликација (се разбира...
Post Views: 7
Децата згрижени во охридските градинки стекнуваат здрави и спортски навики од најмали нозе. За нивното физичко здравје се грижат воспитните тимови од градинката и стручно лице, информира Мери Рилкоска директор на градинката Јасна Ристеска.
„ Во моментов имаме и професор кој со проект е вработен во градинката и изведува часови по физичко. Покрај дневните активности кои ги имаме во градинката има и различни други спортски активности кои се во рамките на детската недела или спортски активности како што се игри без граници “, напоменува Рилкоска.
Со ангажманот на стручното...
Post Views: 1
Под мотото „Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ денес во Охрид се одржа состанок на министрите за одбрана на САД, членки на Јадранската повелба. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој учествуваше во работата на свечениот дел на Состанокот на министрите за одбрана во своето обраќање потсети дека Јадранската повелба беше мотивацијата што ги водеше земјите членки за рекордно време да ги достигнат стандардите за членство во НАТО, притоа изразувајќи жалење што Македонија во Букурешт остана пред вратата на Алијансата поради спорот со Грција, независно генералната...
Post Views: 8
Со измените на законот кој ги регулира прашањата за азилантите, а кои Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ги подготвува деновиве, ќе биде ставен крај на лажните азиланти што доаѓаат од балканските држави.
Како што пренесува “Дојче веле”, процедурата е проста. Македонија и останатите балкански земји ќе бидат декларирани во листата “земји на сигурно потекло”, со што барањата за азил ќе се решаваат во куса постапка за само седум дена.
Тоа, според законските измени , ќе се оствари со едноставно колективно категоризирање...
Post Views: 3
„Би сакал да ја информирам јавноста дека денес поднесов оставка од сите мои политички функции во Либерално демократската паритја. Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични и професионални причини, кои заради коректност кон партијата нема да ги образложам“ стои во дописот од подо ТВМ ТелевизијА.
„Изминатите седум години ја имав честа и обврската да бидам дел од ЛДП. Денес, заврши овој долгогодишен пат полн со предизвици, искачувања и падови. Продолжувам онаму каде што ќе можам да дадам најголем придонес и каде што мојот потенцијал ќе биде...
Post Views: 3
Елегантни, уредни и горди, припадничките на понежниот пол на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга и Вевчани, синоќа се собраа во Домот на културата Браќа Миладиновци и го одржаа годишното собрание. „Вечерва го заокруживме сработеното во изминатиот период, од октомври минатата година до денес“, истакна првата дама на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Струга Маре Бојчовска- Савеска.
„УЖ работеше многу преокти организираше трибини од теми, политика, образование, социјала, економија, ги негуваше тредиционалните вредности, меѓуопштински дружења, соработуваме со многу НВО, се трудиме позитивно...
Post Views: 9
Ене ја среде Охридската чаршија. Над сто и пет години Алипашината џамија без минаре. Никој охриѓанец не ѝ го памти минарето. И затоа, меѓу другото, е објект од посебно културно значење. Џамија без минаре што јавнала црква и црква низ вековите пред тоа што јавнала базилика…
Несносливата леснотија на површноста како стил на живот, со “донаторско“ финансирање на свети објекти и “фондациско“ пишување на “независни“ сајтови само го дооцртува тлоцртот на македонската тиња во чиј безизлез колективно пропаѓаме. Има донации, значи допуштени легални далавери во име на бога...
Post Views: 12
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка” во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 0
Говорот на телото, претставува една наука која ги открива намерите на телото на луѓето. Дел од тие тајни свое место најдоа на страниците на првата книга на македонски јазик „Говор на телото“ од проф. Зендел Абедин – Шехи. Абедин инспириран од препознавањето на намерите на луѓето, воедно и пренесувајќи ги искуствата исцрпени од патувањата во повеќе земји, одлучил во неговата книга да ги сподели добрите работи од карактерот на секој човек, односно како што и самиот кажува, секој од нас треба да го препознае добрите намери во другите, а лошите да ги игнорира.
„Во нашата...
Post Views: 2
Започна учебната година во ООУ „Дебрца“. Секако дека највесели беа првачињата, на кои добредојде им посакаа наставниците со порака дека денеска за нив започнува најубавото патување, патување на кое ќе другаруваат со буквите и бројките и на кое ќе запознаат нови пријатели.
Наставниците ќе ви подарат знаење и љубов кон освојувањето нови светови со книгите, а пријателите ќе бидат дел од вашите животи и кога ќе ги напуштите училишните клупи. Нека потечат слободно солзи радосници кај гордите родители, кои сега се сеќаваат на својот прв училиштен ден, нека засјае слободно...