Post Views: 3
По повод Новогодишните и Божикните празници, Јавното претпријатие Градски Пазар од Охрид издава под закуп 8 тезги за продажба на Новогодишни и Божикни украси на плоштадот Крушевска Република.
Сите заинтересирани лица кои што сакаат да изнајмат тезги треба да се пријават најкасно до 06.12.2021 година во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид на булевар „Туристичка“ бр.79.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел. 046/266-600.
Post Views: 1
Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со тежок тек на болеста. Во постот е изнесена и невистинита информација дека ваксерите ги изложуваат оние кои не сакаат да се вакцинираат на ,,опасност од смртен мутиран вирус инјектиран во нив преку вакцините, а хронично болните на сигурна смрт”.
Рецензираме пост на Фејсбук во...
Post Views: 6
Тропската бура Елза, проследена со поројни дождови и силен ветер, го погоди американскиот град Њујорк и Нова Англија.
Невремето предизвика поплави на улиците и нарушување на сообраќајот, најмногу на железничкиот, како и откорнати дрвја.
Бурата го зафати градот Њујорк, еден ден откако беа поплавени градските улици и метро станиците.
Се очекува денеска бурата да донесе поројни дождови на брегот на сојузната држава Мејн, а потоа да ја зафати Канада.
Post Views: 4
Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием...
Post Views: 0
Струшките советници не беа задоволни од одговорот на општинскиот инспекторат кој се однесува на извештајот за состојбите на крајбрежниот појас. На денешната седница на Советот, тие од општинските надлежни служби побараа да испратат ургентно барање до државниот инспекторат за животна средина, нивните инспектори да излезат на увид со цел да се добијат попрецизни информации околу тоа што се случува на струшкото крајбрежје.
„Секако дека инспекторатот мора да биде поажурен, не само во делот на крајбрежјето туку и во однос на целокупните состојби во општина Струга. Мора да...
Post Views: 1
Невладиниот сектор вчера одржа средба со претставници на Мониторинг комисијата од Унеско. Тие ги искажале ставовите и забелешките во однос на заштита на културното и природното наследство во регионот.
И понатаму останува неизвесно дали Охрид ќе остане под Унеско или ќе се најде на листата на загрозени културни наследства, што е чекор до бришење од листата на Унеско, вели Драгана Велковска од Здруженито „Еден“ по одржаната средба. Оваа дилема ќе се разјасни по 8 недели кога Реактивната Комисија на Унеско треба да подготви извештај со информации и забелешки кои ги добила...
Post Views: 0
Четвртоодделенците од Основното Училиште „Григор Прличев“ денес беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.
Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.
Post Views: 9
Општина Охрид се подготвува за реконструкција на три општински основни училишта. Во втората половина од оваа година ќе се подобрува енергетската ефикасност во основните школи „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во населба Лескајца и „Св. Климент Охридски“. Средствата од Светска банка се одобрени за реконструкција на фасади, дренажа и замена на дотраена дограма. За дополнителни зафати кои треба да влезат во проектната апликација се одржа јавна дебата на која беа дадени предлози што да се подобри во училиштата од страна на претставници на школите.
Христо Узунов
Реконструкција...
Post Views: 10
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При претрес извршен во простории во Охрид, што привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно. Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението.
Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена...
Post Views: 4
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 40 километри, околу 165 километри североисточно од главниот град Душанбе, каде живеат речиси 679.000 жители, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
– Десетици куќи се уништени. Електричните проводници исто така биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон наложи формирање истражна комисија предводена од премиерот, пренесоа руските медиуми.
Туркменистан, кој се граничи со...
Post Views: 6
Платфрмата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија ќе биде оперативна во текот на оваа недела.
Преку оваа платформа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.
Ваучерот кој ќе содржи QR код ќе биде испратен по електронска пошта којашто граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи.
Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно...