Post Views: 2
Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем. Проблемот со неприходната вода во водоснабдителните системи е еден од најголемите предизвици со кои се соочува МЈП „Проаква“, вели директорот Владимир Алексијоски. Тој посочува дека податокот за количината на неприходна вода од 50-60% во просек од произведената и внесена вода во водоснабдителните системи во Охрид е алармантен и јасно укажува на тоа дека неопходно е да се преземат итни мерки за намалување на неприходната...
Post Views: 3
„ТАВ Македонија“, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и компанијата Wizz air имаат чест да Ве поканат на прес-конференција и коктел по повод официјалниот почеток на директната авионска линија Скопје-Париз.
Настанот ќе се одржи во петок, 4 април 2014, во 16 часот, во терминалната зграда, во делот за пристигнување на патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
На присутните ќе им се обратат и првите патници ќе ги испратат г-дин Зоран Крстевски, Генерален директор на ТАВ Македонија, Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Тамара Мешвениераџе...
Post Views: 6
Во пораст е бројот на лиценцирани туристички агенции во Охрид. Во јавноста се споменува број од 25 -тина лиценцирани агенции. Некои од нив не се познати, а некои работат од дома, посочуваат туристичките агенти кои се долги години во оваа дејност. Сега ќе се бараат измени во Законот за туристичка дејност во делот за лиценцирање на агенциите. Агенциите да не ги добиваат лиценците трајно, туку да имаат ограничено времетраење, укажува Олег Маленко, долгогодишен туристички агент од ТА „Виспој“.
„Има доста пропусти во Законот каде ќе се лиценцираат па ги испуштаат вработените...
Post Views: 19
Затворен случајот Пливалиште. Денес во Основниот суд во Струга од страна на судијата Живко Аврамоски кој го водеше претресот за случајот Пливалиште беа изнесени завршните зборови за овој настан. Ослободени од обвинение се Гоце Јанески и Климе Миладиновски, бидејќи не се докажало делото за кое се теретат. Единствен кој го понесе цел терет на свој грб околу несреќата, а кој воедно е прогласен за виновен е Цвете Вранишкоски. Нему струшкиот суд му изрече затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност на луѓето, поради...
Post Views: 7
На прес конференција од ОК на Вмро Дпмне упатија критики за работењето на градоначалникот Јован Стојаноски и администрацијата. Повикуваат, градоначалникот јавно да го каже износот на долгот на општината и да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција. Перчо Божиноски, портпарол на ОК Вмро ДПМНЕ, праша зошто го применуваат менаџирањето на долгот на начинот кој го промовираше и спроведе минатата Локална власт, а претходно истиот го критикуваа.
„Јован Стојаноски, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник...
Post Views: 4
Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години во 2027 година никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд. Ова е дел од предлогот откриен денеска, а со цел да се намали бројот на продавачи на цигари и да се намали никотинот во сите производи.
Забраната ќе остане до крајот на животот на овие луѓе, што значи дека лицата кои во 2073 година ќе имаат 60 години нема да можат децении претходно да купат цигари, пренесува Ројтерс.
Сакаме да се осигураме дека младите никогаш нема да почнат да пушат, со ова ќе се смета за прекршок продажбата или набавка на производи од никотин...
Post Views: 7
Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски. Идеен...
Post Views: 0
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили настани. Да...
Post Views: 0
Последната акција за чистење на градските површини во Охрид од страна на неформалното граѓанско здружение „Чист Охрид“ покрена иницијатива за средба со претставниците на општина Охрид, од ЈП „Охридски Комуналец“ како и со комуналните инспектори и редари. Целта на средбата било да им се појасни на активистите од Чист Охрид кои се ингеренциите на ЈП и инспекторатот во делот на јавната чистота, што на општо задоволство било позитивно прифатено, вели Стефан Маслов раководителот за јавна хигиена во ЈП.
„Вчерашниот состанок беше да се стави поголем акцент на таквите површини...
Post Views: 0
Охрид ќе добие Центар за спасување на планина опремен со најсовремена опрема. Тоа е во рамките на реализација на билатералниот македонско-албански проект „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран со средства од фондовите на ЕУ преку ИПА 2 програмата за прекуграничка соработка. Со тоа ќе се добие и ефикасна служба за спасување на планина со што нашиот град ќе биде безбедна дестинација за алтернативните форми на туризам како што е авантуристичкиот, вели проектниот менаџер од македонскта страна Антонио Додески.
„Основен предуслов...
Post Views: 0
Социјалната мрежа за размена на фотографии и видео записи, Instagram, објави дека бројот на нејзини корисници ја премина бројката од 400 милиони, со повеќе од 80 милиони разменети фотографии дневно.
На почетокот од годината сервисот во сопственост на Facebook имаше 300 милиони корисници месечно за во меѓувреме го престигнат Twitter колку што денес брои.
“Иако пресвртниците како оваа се важни, сепак ова за нас е возбуда што на секого од нас му овозможува светот да биде помал благодарение на визуелната комуникација”, објавил Instagram на својот блог.
Повеќе од половина...
Post Views: 0
Таеквондо клубот “Хва ранг ИТФ” од Лескоец-Охрид, на 10 и 11 февруари организира технички семинар со професор Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден.
Воедно, Ким Унг Чол е и претседател на Комисијата за организирањето на турнири во рамките на Интернационалната Теквондо Федерација (ИТФ). „Во светот има двајца таеквондисти кои се носители на титулата сениор гранд мастер, а еден од нив, на наше задоволство, повторнo ќе биде гостин во Охрид“, благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” истакнуваат од Хва ранг ИТФ.
Фактички, со семинарот...