Post Views: 3
Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување.
Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави...
Post Views: 5
ДИК денеска со жребување го одреди редоследот на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април.
Еве кој реден број го извлекоа партиите:
1. СДСМ2. ДПА3. Достоинство4. ДУИ5. ВМРО-ДПМНЕ6. НДП7. Национално движење на Македонија8. ГРОМ9. Алијанса за позитивна Македонија10. ВМРО-НП11. СДПМ12. ПЕП13. ПДП14. ПЕИИзборната кампања за предвремените парламентарни избори започнува во сабота на 5 април.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко.
За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе...
Post Views: 1
За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците.
„Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко.
Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата...
Post Views: 1
МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква.
„ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се работи....
Post Views: 2
Новиот сој Омикрон изолиран и во нашиот регион. Епидемилогот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид, информира дека во декември го изолирале новиот сој на вирусот кој брзо се шири во светот.
Омикрон не е изолиран во Охрид, но има случај во Струга. Изолиран е кај едно лице во Струга пред една недела. Од овде е, но дошол во контакт со роднини од странство – истакна Стурлакова Коровешоска.
Во општина Охрид расте бројот на семејни кластери инфицирани со ковид 19, укажува на епидемиолошката состојба д-р Стурлакова Коровешоска. Станува...
Post Views: 9
Денес се слават Св.Трифун и Св.Валентин и се е во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се одбележуваат овие два празници од кои едниот е православен, а другиот католички. Некои граѓани го слават едниот, некои другиот, некои наоѓаат време и за двата празника, а некои воопшто не слават.
Свети Трифун е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Тој е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. Свети Трифун е и заштитник на лозјето и на...
Post Views: 3
Времето денеска во Охрид променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи.
UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.
Денес ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде релативно постабилно и малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец. Во среда температурите ќе бидат за неколку степени пониски, а потоа во ноќта кон четврток ќе има зголемена облачност и појава на локален дожд...
Post Views: 0
Паднати бандери, електрични кабли и дрва од кабелските оператори е епилогот од синоќешните снежни врнежи кои паѓаа во охридскиот регион и во Дебрца. Влажниот снег направи краткотраен прекин во патниот сообраќај и прекин во напојувањето со електрична струја во планинските населени места. Сеуште без струја се села во Дебрца и во охридско. Без струја се селата Опеница, Куратица, Завој,Речица, Свиништа, Ливоишта, Вапила, информираат од ЕВН Македонија.
„ Во моментов се работи на одстранување на дефектите и во Мешишта, Песочан, Арбиново, Требеништа, Оровник , Подмоље. Влажниот...
Post Views: 8
За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ.
„Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони денари....
Post Views: 0
Неколку камиони од Македонија во раните утрински часови го блокирале сообраќајот на граничниот премин Бајаково помеѓу Хрватска и Србија, јавува Танјуг и пренесува дека хрватските власти од тој премин ги враќале возилата и патниците со српски пасоши.
Камионите кои превезуваат расиплива роба се паркирале на меѓуграничниот простор помеѓу Батровац и Бајаково незадоволни од повеќедневното чекање и се закануваат дека ќе ја истоварат робата на тој простор, а хрватската полиција се обидува да го реши проблемот.
Известувачот на Танјуг, повикувајќи се на српската гранична полиција,...
Post Views: 2
Оштетен дел од пешачката патека Лабино – Канео, во стариот дел на градот. Непознатите сторители очигледно знаеле што прават бидејќи од заштитните огради отштрафиле дел од штиците, а истото тоа го направиле и на дел од клупите. За состојбата запознати се од Локалната самоуправа на Охрид. Томе Наневски од Секторот за комунални дејности вели дека секогаш ќе интервенираат онаму каде што има потреба, но сепак повика на поголема свеснот кај граѓаните и им порача да водат сметка, за патеката која е една од најпосетуваните, не само до охриѓани туку и од бројните гости.
„Локалната...