Post Views: 0
Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид, a падна и Мостот на желбите.
Нивото на Охридското Езеро е 3 сантиметри над дозволеното,а силниот ветар донесе и бранови во висина од 120 сантиметри.
„Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчисуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци. Најголеми оштетувања има на крајбрежните...
Post Views: 6
Иако опцијата “unfriend”, по која многумина посегнуваат во налет на бес, е често само знак на незрелост, во Австралија е прогласена за злоупотреба. Во оваа земја луѓето ќе мора два пати да размислат ако сакаат да ги отстранат соработниците од листата на пријатели на Facebook.
Имено, комисијата која се занимава со основните права на работниците (Fair Work Australia) утврдила дека ако администраторот отстрани колега од работа од листата на пријатели на Facebook се смета за вид на злоупотреба.
Како резултат на ова, жртвата сега ќе може на суд да ја запре таа злоуптреба....
Post Views: 10
Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести. Тој пред десеттина дена учествуваше на интернационалниот полумаратон во Париз, Франција, на кој се натпреваруваа учесници од целиот свет. Носејќи ги на себе боите и шарите кои се заштитен знак на лицата со ретки болести, Ристе со голем елан и мотивираност ја истрча рекреативната трка, посветувајќи им ја на овие лица, на лицата со аутизам, со хендикеп, но и на својот роден град и држава.
Уште од моите студентски денови бев во контакт со такви деца и сега моментално тоа...
Post Views: 3
Претпладнево во Охрид под налет на циклонот Хектор која ја зафати југоисточна Европа, летаа кровови, се искршија прозори, паднаа дрвја. Лимен кров падна на улицата Никола Карев во близина на маркетот Тинекс и за среќа нема повредени. Паднати дрвја има во дворот на охридската болница, во населбата Христо Узунов, на патот Пештани – Св. Наум, кај Еврохотел Струга. Брановите кои удираа со висина од 2 метри ги поплавија летните тераси на кафулињата на првата езерска линија. Силниот ветар ги вознемири охриѓани.
Противпожарната единица од изутринава до 13 часот имаше...
Post Views: 0
До четиринаесетти овој месец, во нашата земја трае „Саемот на книгата“, една од најзначајните културни манифестации во земјата, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
26-тиот, по ред Саем на книгата 2014 несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински...
Post Views: 0
Азијските гости го одбегнуваат Охрид и Македонија иако се заинтересирани да ги видат убавините на нашата земја и град. Проблемот е што државава не ги има спуштено Шенгенските визи како што тоа го направија земјите од опкружувањево. Азијците, посебно кинезите се едни од најбројните туристи во регионов затоа Босна, Србија, Црна гора и Албанија ги спуштија визите. Се прават напори тоа да го направи и Македонија.
Ние веќе разговаравме со некои надлежни установи во Македонија за да ни помогнат да ги спуштиме визите и да допринасиме за туристичкиот сектор. Се надеваме дека...
Post Views: 3
Светот денес го одбележува меѓународниот ден на човековите права. „Мојот глас одлучува“ е мотото под кое денес се обединуваат државите во светот со цел да покажат дека битката за почитување на човековите права е постојана и никогаш не запира. Со ова се согласува и Драгица Попоска од невладината организација „Езерка“ од Струга.
Но, од она што како искуство го има оваа невладина организација, Попоска вели дека барем на територијата на Струга, граѓаните доколку им било прекршено некое право, помош бараат во невладините организации, а не во институциите. Додава дека невладините...
Post Views: 3
Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Тој сега има 59 години, а крв дарува веќе 38 години. Вели дека ќе биде крводарител се дури може и дури го служи здравјето, а на младите им препорачува да не се двоумат и да станат дел од семејството на крводарители бидејќи тоа е една многу хумана мисија.
Нема што да се двоумат тоа е нешто најблагородно, со дарувањето крв спасуваме живот, а добро е и за самиот крводарител бидејќи се обновува крвта, вели Стојоски.
Борис доби благодарница за континуираното дарување крв и помагање на оние на кои тоа им е потребно....
Post Views: 8
Започнaа овогодинешните систематски археолошки истражувања на локалитетот Самоилова тврдина-цитадела. По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, од НУ Завод и Музеј Охрид информираат дека започнаа со доистражување на остатоците од објектот од XIX век кој најверојатно е еден од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег.
Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудоски, виш кустос од Завод и Музеј – Охрид.
Post Views: 1
Со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и учество на Владата од 3,2 милиони евра ќе се подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Марко Мантованели , Директор на Канцеларија на Светска банка за Македонија и Косово, Европа и централна Азија , денеска на прес конференција во Владата, кажа дека се надева на сите им е јасно зошто конкурентноста во економијата во...
Post Views: 1
Младиот и перспективен охриѓаниец Бојан Трајкоски ја раскажа приказната за старата еврејска заедница на Балканот преку проектот Музеј на еврејските гробишта. Тој учествуваше на првиот хакатон во Битола, односно на форумот за програмери, на којшто специјалисти од различни области на развој на софтвер, програмери, дизајнери, менаџери, работат заедно за да решат некој проблем. Трајкоски за ТВМ вели дека често оди на хакатони, натпревари, маратони за кодирање во Скопје и Битола, па така ја прифатил понудата на Ем три ди ес студиото за учество на Биталон.
„Ние имавеме изработено...
Post Views: 2
Ракометарите на на РК Охрид утре ќе играат против битолски Пелистер. На СРЦ „Билјанини извори “ ќе се игра последниот дерби натпревар од регуларниот дел од Супер лигата во 19 часот. Крсте Андоноски, капитенот на охридскиот клуб рече дека иако овој натпревар нема големо резултатско значење, како тим ќе го дадат својот максимум.
„Ние сепак ќе играме за престиж и довоигрување на екипата, се надевам дека ќе апетитите на охридската публика и овој натпревар нака биде увертира за она што понатаму не следува во плејофот“ – вели Андоновски.
„Минатата сезона бев во Пелистер,...