Post Views: 5
Невремето кое во саботата го зафати Охрид и штетите кои ги претрпеа некои граѓани поради високите бранови предизвикани од силниот ветар, на површина исфрлија проблеми околу езерото кои се провлекуваат години наназад. Повторно се актуелизира темата околу реката Сатеска. Екологистите и научните работници од Охрид деновиве дебатираат за тоа дали конечно треба да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска е пренасочена во Охридското Езеро наместо во Дрим каде и бил нејзиниот природен влив. Со тоа Сатеска не само што е еден од најголемите загадувачи на езерото...
Post Views: 2
Туристичките работници очекуваат повторно ставање во функција на мостот на желбите. Мостот кој настрада во саботата при силниот ветар и брановите и пред невремето на одредени делови беше оштетен. Туристичките водичи меѓу кои и Горан Пинза од Битола апелираат што побрзо мостот да се обнови. Тој појаснува дека најчесто турите со гости ги почнуваат од Горан Порта кон Св Јован Канео па се спуштаат по мостот кон Света Софија.
„ Гостите ги гледаат двете плажи Канео и Потпеш и стигнуваме брзо до Света Софија. Од приватен аспект кога доаѓам во Охрид тие плажи ми се омилени....
Post Views: 2
Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерација, едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин во Сирија да распореди воени сили, изјави шефот на кабинетот на претседателот Путин, Сергеј Иванов.
Во соопштението се наведува дека одлуката за користење на руски воени сили во странство се однесува на военото воздухопловство, а не на копнени сили, пренесува RIA.
Иако Кремљ во своето барање не навел на која земја се однесува таа одлука, Иванов по гласањето рекол: “Се работи за Сирија”. Иванов, исто така, рекол дека Сирија побарала руска воена помош.
Русија...
Post Views: 2
На 25ти и 26ти март во Охрид ќе се одржи 12тиот Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“.
Настанот ќе се одржи во хотелот „Аквалина“, а учество ќе земат познати фризерски имиња од Балканот и Европа.
– Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираат организаторите од Македонската фризерска асоцијација.
На нивниот профил на Facebook информираат дека првиот ден, на 25-ти март ќе се одржи натпреварувачкиот дел во рамките...
Post Views: 3
Партијата Единствена Македонија утре ќе го отвори Општинскиот комитет во Охрид. Според најавите од организаторите, на отворањето ќе присуствуваат и претседателот на партијата Јанко Бачев и потпретседателот Стефан Влахов Мицов.Промоцијата ќе се одржи во хотелот КАМ Village, утре со почеток во 19:00 часот.
Post Views: 9
На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга.
Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа “Танец” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија. Ова го најави Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцирајќи дека со орото ќе се означи стартот на новата туристичка сезона во Македонија.
-Истовремено, ќе се одбележи и јубилејот 65 години од Националната установа...
Post Views: 7
Решавањето на проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи, беше тема на средбата на стручните служби од локалната самоуправа со претставниците на месните заедници од коселското подрачје.
На средбата на која, покрај од Локалната самоуправа,присуствуваа и претставници Центарот за јавно здравје, МЈП „Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ и Дирекцијата за храна и ветеринарство, беше речено дека проблемот мора итно да се реши бидејќи испитувањата на водата од селските водоводи покажуваат дека таа не е исправна за употреба.Заеднички беше договорено во наредниве денови месните...
Post Views: 71
Вевчани од четвртокот, 6 ти декември, е без струја. Прекинот трае дури по 20 часови, вели првиот човек на општината Перо Илиевски. Тој потенцира дека дефектите со електричното напојување во општината се чести и поради тоа сериозно е загрижен. Илиевски образложи дека во текот на вчерашниот ден како и денес не работи детската градинка и училиштето, но и тоа дека револтот кај родителите и останатите граѓани се повеќе расте, поради дефектите на електричните апарати кои откажуваат поради немањето на струја. Се што е потребно од наша страна е направивено и доколку продолжи...
Post Views: 2
Со цел зголемување на вработеноста, Агенцијата за вработување и оваа година излезе со новини во активните мерки. Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд нуди шанса за сите категории невработени лица како и можности за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите и други мерки. Директорката на Центар за вработување, Охрид Маја Ташева Биткоска посочи една од новите мерки која за прв пат годинава се спроведува како законско решение.
„Ќе се обучуваат персонални асистенти за лица со посебни потреби...
Post Views: 3
Кризниот штаб на општина Охрид заседаваше по силниот ветар кој викендов го зафати нашиот град. Јужниот ветер кој дуваше со над 90 км на час предизвика повеќе штети посебно на потегот од Канео да градскиот плоштад. За справување со последиците биле договорени конкретни активности на надлежните служби како и нивна координација, информираше Томе Наневски претседателот на Кризниот Штаб. Екипи на Локалната самоуправа и градоначалникот ги посетиле речиси сите места каде што југот ги покоси сите импровизирани платформи, додава Наневски.
„На состанокот беше договорено да се...
Post Views: 1
Комплетно нов под се постави во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“. На ходниците и скалите во училишната зграда целосно се поставија нови плочки и огради на скaлите. Севкупната сума за изведување на овој зафат изнесува 1 700 000 денари. Дополнително, денес, започна да се асфалтира подлогата на спортските терени и дворното место. После завршување на овој зафат, започнува поставувањето на спортските реквизити и оградувањето со зажтитна мрежа на спортското игралиште. Средствата одвоени за оваа намена изнесуваат 7 000 000 денари.
Изминатиов период заврши и поплочувањето...
Post Views: 1
Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата.
Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме проценка...