Post Views: 3
Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна наЦентарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка на стари лица и лица со попречености. Обуката, која содржи теоретски и практичен...
Post Views: 8
Влезот во школото „Братство Единство“ на ул. 7-ми ноември е непристапен за возилата на Противпожарна и Брза помош. Обележан паркинг простор на кој се паркираат возила го попречуваат приодот во случај на брзи интервенции, информира Џемал Мехмед, директор на ОУ „Братство Единство“. Директорот бара решавање на овој проблем кој не е нов.
Три паркинг места треба да се избришат за да се отвори вратата. Не е голем проблем, решлив е проблемот но треба плански, документирано тоа да се регулира. Коректно е да биде регулирано, лесно решливо е на терен иако има бирократски дел...
Post Views: 2
На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19.
Пост на Фејсбук шири паника без притоа да...
Post Views: 9
Во шумската област на Киристос на островот Евија во Грција изби пожар, но надлежните уште не знаат што точно ја предизвикало огнената стихија.
Жителите на блиското село Ниборио почнаа да ги напуштаат своите домови пред на лице место да стигнат првите пожарникари и официјално да се издаде наредба за евакуација, јави агенцијата АНА.
Според првите информации пожарот се шири многу брзо поради силниот ветар кој дува на целото подрачје.
Во акцијата за гасење упатени се пожарникари од целиот остров, како и од континанталниот дел на Грција.
Три авиони канадери досега не успеаа...
Post Views: 8
Владата на Република Северна Македонија на 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.
Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот...
Post Views: 5
При крај е изградба на претоварната станица кај струшката дива депонија. Тука отпадот од Струга и околните населени места ќе се пресира и потоа ќе се транспортира на депонијата Дрисла во Скопје или на некоја друга локација. Екипи од компанијата производител на опремата Техникс од Хрватска се на терен и забрзано работат на проектот за кој тврдат дека е беазиран врз европски искуства и стандарди.„Нашата обврска е до крајот на реализацијата на овој проект каде ние ја монтираме , ја пуштаме во употреба опремата и ги обучуваме луѓето кои ќе бидат овде поставени од страна...
Post Views: 1
Со внимание ја проследив онаа провладина хајка и разглобувањето до најситните детали околу моето тестирање за ковид, надополнето со многу политика. Веројатно тезата “Наќе е крив” сега е заменето со акцијата “Пецак е крив”, а сето ова само тие од власта да не бидат криви на кои им се случи геноцид на народот поради неспособност во справувањето со ковид заразата, се вели во соопштението на Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.
Во продолжение ви го пренесуваме неговото соопштение во целост:
Им благодарам за вниманието, а аналогно на тоа јас ќе...
Post Views: 6
Регистрирани се 42 нови случаи од ХИВ/Сида во Македонија оваа година, а четворица починале од оваа неизлечива болест. Во Охрид годинава е дијагностициран еден нов случај на заболен со ХИВ/Сида. Сите ново дијагностицирани лица се мажи. За начинот на пренос на ХИВ вирусот се изјаснале дека 37 од нив ја добиле по хомосексуален пат, а 5 лица по хетеросексуален. Ова се статистички податоци од Институтот за јавно здравје. Нема драстичен пораст на новозаболени лица од ХИВ/Сида во земјава, информира СашоТочков, претседател на ОО ЦК која се вклучува во одбележување на Први...
Post Views: 2
Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести...
Post Views: 0
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честитаат празникот „Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.
Post Views: 8
Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија.
„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто...
Post Views: 2
На 22/23.01.2022 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 13 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-03, Кичево-03, Дебар-02).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Мерките во сообраќајот се преземаат со цел зголемување на сообраќајната безбедност, истите интензивно ќе продолжат поради што, апелираме до возачите на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи...