Градоначалникот Стојаноски на средба со претставници на израелска компанија за прочистување води

Post Views: 5 Градоначалникот , Јован Стојаноски заедно со дел од соработниците денес оствари работна средба со претставници од најпознатата компанија за прочистување  води „Данбар“ од Израел.Израелските гости   презентираа дел од  своите проекти  за прочистување на фекални и отпадни води, како и прочистување на речни води кои по реализирање на процесот се пренаменуваат  во води за пиење.  На средбата беше истакнато дека  компанијата успева да прочисти 80 проценти од фекалните отпадни води  во Израел кои  потоа се  користат . за наводнување на земјоделските површини. Покрај во Израел...

Continue reading

Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

Post Views: 0 Во видеото паушално се тврди дека различни серии од вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти. Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани процеси и од националните влади и од интернационалните регулатори и од самиот производител.  Дополнително, ВАЕРС не смее да се користи како индикатор на смртност кај населението, или пак, како индикатор за опасност на некоја вакцина. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се вели дека вакцините се „отров” и руски рулет во серии. Во...

Continue reading

Новозасадените јасени на Булевар Туристичка вандализирани

Post Views: 1 Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„). Оштетени се 15 дрвја чии стебла се деградирани со остар предмет. Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета и нагрдени се јавните зелени урбани површини и бара сторителите да бидат санкционирани.

Continue reading

Во вторник времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Post Views: 2 Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан. Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 часот.

Continue reading

Исплатата на обештетувањето од земјотресите повторно пролонгирана

Post Views: 1 Повторно се пролонгира исплатата на средствата на граѓаните кои претрпеа штети од силниот земјотрес  кој минатото лето го погоди Охрид. Иако од портпаролот на Владата беше изјавено дека  до крајот на Април ќе знаат дали и во колкава висина ќе бидат обештетени, пари сеуште не се префрлени. Денес до Општинската комисија за проценка на штети стигнало известување од Републичката комисија дека треба да се направат нови корекции во табеларните прегледи. Граѓаните кои чекаат оштета поради претрпените штети од земјотресот ќе почекаат. Иако портпаролот на Владата Миле Бошњаковски,...

Continue reading

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода

Post Views: 1 Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. За тоа уште пред една недела ги извести граѓаните, но во соопштението до јавноста беше наведено дека водата ќе биде пуштена до вчера до 19 часот, а вода граѓаните добија со задоцнување од пет и повеќе часа. Во текот на акцијата се соочивме со проблем на главниот доводен цевковод од 700милиметри кој доаѓа од пумпната...

Continue reading

Одбележан денот на реката Црн Дрим со проектот „Сино–зелено наспроти црно–сиво“

Post Views: 1 Со цел да се подигне свеста на луѓето, особено на младите, за исклучителната универзална вредност на регионот како и да се промовираат конкретни и сеопфатни активности кон зачувување на биодиверзитетот на реката Црн Дрим, нашата земја заедно со соседна Албанија го реализираа проект Сино – зелено наспроти црно – сиво. Традициите се создаваат и тие се нешто вредно бидејќи од нив потекнуваат нови иницијативи и соработки, истакна националниот координатор на проектот „Денот на Дрим“, Дејан Паноски. Настанот „Денот на Дрим“ годинава бележи мал јубилеј, 5 години од одбележувањето....

Continue reading

Создадена е најголемата мега-компанија за пиво

Post Views: 8 SAB Miller ја прифати 68 милијарди фунти тешката понуда за превземање на најголемиот светски производител на пиво. Како што објави Reuters, понудата е прифатена во вторник, а се смета за трето најголемо превземање во историјата. Тоа била четврта понуда на AB InBEV, со оглед дека управата на SAB Miller претходните понуди од 38, 40 и 42 милијарди фунти во кеш ги одбила, тврдејќи дека се прениски. Тројца од десетте акционери на SABMiller минатата недела јавно признале дека претходните понуди биле прениски, додека извршниот директор на AB InBEV, Carlos Brito ги повикал акционерите...

Continue reading

Охрид чист ќе ја дочека главната туристичка сезона

Post Views: 7 Во пресрет на главната туристичка сезона, во текот на месец мај и почетокот на јуни, со бројни акции, ќе се чисти Охрид, но и пошироката околина и околните планини.Активностите ќе започнат утре (05.05.2018 година), кога ќе се спроведе акција за генерално чистење на делови од подрачјето на Општина Охрид. Во истата ќе учествуваат охридските јавни претпријатија и општинската администрација. Предвидено е чистење на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, плажата од Горица III до Детското одморалиште, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како...

Continue reading

glasanje

„Дупли“ избори во недела

Post Views: 1 Граѓаните во недела ќе одлучуваат на кого ќе му дадат мандат да раководи со државата во следните неколку години на петтите по ред претседателски и третите предвремени парламентарни избори. Коалициите и политичките партии во петок точно до полноќ треба да ги одржат своите завршни митинзи по што во сабота започнува изборниот молк во пресрет на најавените двојни избори кои треба да се одржат на 27 – ми април, а со тоа да заврши и кампањата за избор на претседател и нов пратенички состав. Народните избраници добиваат мандат во Собранието на Република Македонија според...

Continue reading

Амбасадорот на Италија на средба со Градоначалникот Стојаноски

Post Views: 7 Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео. Двете страни разговараа за  можностите од остварување  културна соработка, трговска размена меѓу Македонија и Италија, а беа разгледани  и условите за влегување на италијански инвеститори во Македонија.  На работната средба се стави   акцент  и  на владината одлука од месец март годинава според која италијанскиот јазик станува втор задолжителен јазик за изучување во  училиштата низ земјава. Беше подвлечено дека токму промовирањето на Италија и италијанската...

Continue reading

raskrsnica

Комунално – Струга, во тајност чува информации

Post Views: 0 На последната седница, Советот на општина Струга даде зелено светло за Одлуката за усвојување на извештајот и одобрување на склучување на договор за Јавно приватно партнерство на ЈП „Комунално“, Струга. Договори се склучени со доелите „Бени Маркет“ и Албафох“, и двете од Велешта и „Сити логистик“, од Скопје, како единствени фирми понудувачи. Но од ЈП по се изгледа во тајност ги чуваат информациите за текот на спроведување на самата постапка за јавно приватно партнерство. „Раководителот на одделението за набавка и комерција Васко Лазороски, преку кое одделение течела...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top