Амбасадорот на Италија на средба со Градоначалникот Стојаноски

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

Двете страни разговараа за  можностите од остварување  културна соработка, трговска размена меѓу Македонија и Италија, а беа разгледани  и условите за влегување на италијански инвеститори во Македонија.

 На работната средба се стави   акцент  и  на владината одлука од месец март годинава според која италијанскиот јазик станува втор задолжителен јазик за изучување во  училиштата низ земјава. Беше подвлечено дека токму промовирањето на Италија и италијанската култура преку изучување  на италијанскиот јазик  е она на што се работело изминатиот период.

На задоволство на двете страни беше истакнато дека реномираниот фестивал Охридско Лето и годинава ќе ја добива поддршката  од италијанската  амбасада.

Градоначалникот Стојаноски истакна дека општина Охрид е отворена за секој вид соработка којашто е во насока на развој на градот и е за доброто на Охриѓани. На  крајот на средбата беше заклучено дека  Охрид како колевка на писменоста и културата мора да воспоставува поблиски врски и да гради пријателски односи со светски познати градови на културата од Италија.

Во рамки на еднодневниот престој во Охрид, амбасадорот Ромео имаше состанок со директорите на основните и средни училишта од Охрид и со професорите по италијански јазик и одблизу се информира за состојбата во образовните институции и интересот кај учениците за изучување на италијанскиот јазик.      

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top