Post Views: 0
Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад.
„Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски...
Post Views: 4
Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во реализација...
Post Views: 1
Стартуваше симболичната, рекреативна трка како најава за големиот спортски настан „ Охрид трчат“ што треба да се одржи за помалку од еден месец. Викендов, на спортскиот настан, трчаа новинарите , полициските службeници од СВР Охрид, спортисти.
„Охрид трчат“ да го свртиме вниманието на јавноста дека се подготвува спортскиот спектакл за 2018. Се разбира да се види дел од патеката, структурите кои работат на безбедноста да се направи план за се да помине во најдобар можен ред. Ние останатите да го анимираме настанот и да ги повикаме охриѓани да се приклучат. „Охрид трчат“...
Post Views: 2
Во петок на 17-ти септември ќе се одржи 33-то издание на фестивалот Охридски староградски средби 2021.
Ќе настапат 8 пејачки ансамбли од Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Штип, Кавадарци и Радовиш. Градот домаќин ќе го претставуваат градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и фолклорниот ансамбл „Бисери“.
Фестивалот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот, согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани со почитување на мерките за заштита од COVID-19.
Учесниците ќе настапат со староградски песни,...
Post Views: 7
Играорците од 4 генерации и 2 постави музичари кои биле дел од поранешниот КУД Отекс, а денес ФА „ Отекс- фолк“ одбележуваат 35 години од постоењето. По тој повод сегашните и поранешните членови на ансамблот ќе одржат концерт на кој ќе биде прикажано нашето фолклорно богатство, вели Димче Трајчески уметнички раководител на фолклорниот ансамбл Отекс-фолк.
„Два и пол месеци напорно се тренираше. Најредовни беа моите поранешни ученици. Јас мора да ги пофалам дека сите 99 посто, посебно девојките, како никогаш да не престанале со кариерата како фолклористи. Толку тоа ми...
Post Views: 0
Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости.
„Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да се почитуваат...
Post Views: 1
Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од хотелот.
„Хотелот...
Post Views: 0
Водостојот на реките Купа и Корана ги преминаа прогнозираните висини и за двете реки е на сила вонредна состојба.
Штабот за заштита и спасување на Карловац заседава, се координира помошта за луѓето, а сите расположливи средства и луѓе се на терен.
Медиумите јавуваат дека најмалку 300 куќи се под вода, и како што неофицијално се дознава поплавата се заканува на уште стотина куќи.
Градоначалникот на Карловац, Дамир Јелиќ, по седницата на штабот за заштита и спасување ги критикувал прогнозите кои ги даваат државните институции задолжени за оваа област, бидејќи како што...
Post Views: 5
Охридските ракометари утре ќе се соочат со нов предизвик. Ќе играат против скопски Металург со што нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата. Металург е екипа која е голем залак за нашите ракометари, но сепак тие се оптимисти дека ќе одиграат добар натпревар и ќе се покажат во најдобро светло.Не чека тежок натпревар бидејќи металург е добра екипа составена од доста репрезентативци кои добро тренираат имаат доста искуство во своите нозе имаат изиграно доста утакмици во СХ лига и лига на шампиони, но сепак очекувам добро да одиграме, а трибините...
Post Views: 10
Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.
Условите се следни:
1) телесното оштетување да е причинето со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж или2) 2) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето...
Post Views: 2
За две години македонските граѓани ќе плаќаат пониски сметка за стуја, истакна вице премиерот за економски прашања во владата на Р. Македонија Кочо Анѓушев, на Регионалниот форум на преносни систем-оператори од регионот на Југоисточна Европа што денеска се одржува во Охрид. Анѓушев смета дека овој форум е првиот чекор на патот кон создавање на регионален пазар на електрична енергија.
„Крајна цел на таа работа е да се намат цените на електричната енергија во регионот и тие да ги достигнат цените кои што се во Европа. Европа иако е поразвиена и побогата, денес има пониска...
Post Views: 1
Доцна синоќа на седницата на Извршен Комитет, високото партиско раководство на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. пресече. Нивниот избор за кандидат на градоначалник за Струга падна на др Владо Кочоски, истакнат хирург вработен во Струшката Општа болница. На само еден ден пред истекот на законски предвидениот рок за предлагање кандидат за градоначалник, Кочоски очекувал дека изборот ќе падне на него. Додаде дека има време за се и подготвен е да се справи со предизвикот кој стои пред него. Време е на Струга да и се врати некогашниот сјај, вели Кочоски.
„За жал многу...