Post Views: 0
Хотелско угостителскиот еснаф од Охрид покажа големо срце приклучувајќи се на акцијата за давање бесплатното сместување на лица со посебни потреби и семејства од социјално ранливата категорија. Првите чекори за една ваква хумана мисија ги направија нашите сограѓанки Лидија Ќосесака и Јованка Климоска уште минатата година, а годинава поттикнати од нивниот пример зголемен бил бројот на хотелиери кои понудиле бесплатен одмор за оваа категорија граѓани, вели Христина Јосимоска претседателот на Здружението граѓани, лица со хендикеп „Илинден“.
„Целта ни е да се поврземе и...
Post Views: 2
Фреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски.
„Имаше некои мали недоразбирања...
Post Views: 7
Во понеделник, на 28 мај, ќе се отвара јавната набавка за материјал за поправка на дрвените скали на Антички театар. Руинираните и оштетени скали ќе бидат санирани по 5 месеци од нивното затварање пред новогодишните празници. Приодот кон театарот не беше дозволен заради небезбедност на посетителите, информира Елеонора Новакоска директор на НУ Завод и Музеј од Охрид. Во тој период, нашата институција, не беше во можност да преземе мерки за санација на скалите. Сега работите се придвижуваат. Постапката за јавна набавка е отпочната и ќе биде отворена на крај од месецов...
Post Views: 2
Поради одржување на претстојната Меѓународна вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември 2021 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во периодот од 17-ти до 24-ти септември.
Се молат сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици – информираат од Општина Охрид.
Post Views: 12
По повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“, на 27-ми мај, недела, со почеток во 9.00 часот, во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци), ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Вечерта, а по повод јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија, со почеток во 17:00 ч., ќе има молебен во манастирот св.Климент и св.Пантелејмон – Плаошник, а во 18:30ч. во Св.Софија ќе...
Post Views: 1
Пишува: Шефкије Аласани
Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика.
Во Вистиномер многу пати е нагласено дека треба да се известува на правилен и професионален начин, посебно за време на една предизборна кампања, но сепак овој основен принцип на новинарството продолжува да не се почитува. Насловот на рецензираниот напис е тенденциозен и нема никаква конкретна поврзаност со содржината на написот. Во насловот се претпоставува дека во иднина и лидерот на Алијансата за албанците, Зиадин Села, ќе...
Post Views: 1
Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 11 годишна наша сограѓанка која боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат за пресадување на коскена срж. За операцијата која ќе се изведува во Германија потребни се финансиски средства.Црвен крст Охрид започнува хуманитарна акција за собирање на финансиски средства за операцијата и на повеќе локации во градот Мaркети, кафулиња, хотели ќе постави собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.Својата хуманост...
Post Views: 11
Надлежните претставници на градската власт, итно да преземат соодветни мерки за справување со уличните кучиња, повикуваат стручните лица од областа на медицината. Д-р Никола Филев истакнат педијатар загрижен за состојбата, смета дека институциите крајно сериозно треба да се постават во надминување на овој горлив проблем со преземање на мерки согласно закон, бидејќи во прашање се нашите деца, туристите, но станува збор и за имиџот на градот.
„Во парковите има глутница кучиња кои што изметот го уставаат тука а исто така и уринираат, а преку нив се шират и многу заразни...
Post Views: 1
Средното стручно Училиште „Св Кирил и Методиј “, Охрид го одбележа својот патрон. Директорката Славица Костоска, синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на свечената академија истакна дека во изминатото четири годишно напорно работење во скромни услови, со ограничени средства, успеале да навлезат во најновите методи на воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги тука и учениците, со цел да создадат квалитетни личности кои ќе бидат подготвени да чекорат низ животот.
„За првпат оваа година имавме повеќе запишани ученици од оние што завршиле . Инаку од нашето основање секогаш имаше...
Post Views: 2
Во синоќешните демонстрации на црногорскиот опозициски Демократски фронт во Подгорица потешко бил ранет еден полицаец кој со камен бил погоден во глава, додека петмина други полицајци биле полесно повредени.
Во текот на протестот во кој учествуваа неколку илјади луѓе биле оштетени неколку објекти и возила, соопшти полицијата. Демократскиот форум побара до сабота 24 октомври, владата да поднесе оставка и да биде формирана преодна. Во спротивно е најавен голем протест во Подгорица.
По повод повеќедневните протести заседаваше и Советот за национална безбедност кој оцени...
Post Views: 6
Над 200 основци од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца ја истрчаа километарската „ Трка на различностите“. На најдобрите спортисти им беа врачени награди. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Марија Шипинкоска од ОУ„ Христо Узунов“, Драгана Усовиќ од истото училиште и Александра Петреска од ОУ„ Браќа Миладиновци“ од Струга. Во машка конкуренција на првите три места се пласираа Филип Ѓоргоски од ОУ „Христо Узуно“в, Атанас Куциноски од „Христо Узунов“ и Климент Филев од „Св Климент Охридски“. Организаторите на “Охрид трчат“ задоволни од пројавениот интерес на...
Post Views: 5
„Ал Италија„ е новата врска на македонската престолнина со вечниот град. Од шести месецов, со седум лета неделно ќе оперира на релација Скопје – Рим.
Авиокомпанијата летовите ќе ги реализира со Ембраер Е- 175, кој ќе полетува од “Александар Велики„ и ќе слетнува на аеродромот “Фјумичино„. Од една страна, новата авионска линија е дизајнирана да ги задоволи потребите на луѓето кои деловно патуваат за Италија, како и на Македонците кои живеат во оваа земја, а од друга страна, преку интерконтиненталната и интернационалната мрежа на “Ал Италија„ се овозможува дополнително...