„AlItalija“ со седум лета неделно на релација Скопје-Рим

„Ал Италија„ е новата врска на македонската престолнина со вечниот град. Од шести месецов, со седум лета неделно ќе оперира на релација Скопје – Рим.

Alitalija
Алиталија

Alitalija„Ал Италија„ е новата врска на македонската престолнина со вечниот град. Од шести месецов, со седум лета неделно ќе оперира на релација Скопје – Рим.

 Авиокомпанијата летовите ќе ги реализира со Ембраер Е- 175, кој ќе полетува од “Александар Велики„ и ќе слетнува на аеродромот “Фјумичино„. Од една страна, новата авионска линија е дизајнирана да ги задоволи потребите на луѓето кои деловно патуваат за Италија, како и на Македонците кои живеат во оваа земја, а од друга страна, преку интерконтиненталната и интернационалната мрежа на “Ал Италија„ се овозможува дополнително поврзување на Македонија со светот.

“Со ова ново директно поврзување со Рим, “Ал Италија„ има за цел да го зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, а која е резултат на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји„ – објаснуваат од компанијата.

AlitalijaОд 1 јуни, авионите на “Ал Италија„ од Скопје ќе полетуваат во 05:30 часот, со пристигање на Фјумичино во Рим во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота). Од друга страна, летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).

Со новата авиолинија, Македонија за само еден месец со директна врска се поврза со две светски метрополи. На почетокот на април, нискотарифната “Визер„ ја воведе линијата Скопје – Париз, на која лета два пати неделно, во понеделник и петок, со Ербас А320.
Македонија сега има директни авиоврски со повеќе од 20 дестинации: Белград, Љубљана, Загреб, Виена, Истанбул, Цирих, Базел, Лондон, Малме, Гетеборг, Стокхолм, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Брисел, Келн, Париз, Венеција, Милано, Франкфурт, Рим, Берлин, Дубаи… Летово ќе има и чартер – летови на релација Анталија – Скопје, Бодрум – Скопје, Амстердам – Охрид…

Годинава се очекува на македонските аеродроми да биде многу пофрекфентно. Агенцијата за цивилно воздухопловство со летниот ред на летање одобри 141 лет неделно, за 16 повеќе во однос на 2013-та. Од двата аеродрома, “Александар Велики„ во Скопје и “Апостол Павле„ во Охрид, ќе оперираат 14 авиопревозници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top