Post Views: 0
Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира.
Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен.
Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за 40 -50...
Post Views: 1
Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол” на патот Штип-Велес, во близина на Лозово според непотврдени информации најмалку 30 лица се повредени од кои некои веќе се пренесени на скопските клиники. Според очевидци, глетката била страотна и според информации од теренот повредените патници се пренесувани на лекување во штипската и велешката болница.
Силвана Мишева портпарол на Општа болница Велес изјави дека претпладнево во болницата со приватни автомобили и возила на Итната медицинска служба...
Post Views: 7
Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес имаше протоколарна средба со претставници од Советот на словенечкиот град Пиран. Гостите кои во Охрид престојуваат по повод интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“ го изразија своето задоволство од одличното претставување на словенечката култура на настанот што се одржува на сцената на Долни Сарај од 23 до 27 јуни.На средбата се разговараше за сличните проблеми со кои се соочуваат градовите со старо јадро како што се Охрид и Пиран, а се разгледуваа и можностите за размена на ученици меѓу двата...
Post Views: 7
Да се отстранат заблудите, граѓаните да се информираат и да знаат што е тоа Даунов синдром и кои се потребите на лицата со оваа состојба.
Ова беше целта на денешните активности кои ги спроведе струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Анита Гаговска, проект менаџер во оваа невладина организација, вели дека се работи интензивно на информирање на јавноста дека Дауновиот синдром не е болест, туку состојба која не е пренослива, а дека лицата со оваа состојба се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да имаат...
Post Views: 0
Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими ветерани од културно уметнички друштва од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот „Разиграно оро“ што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.На средбата гостите истакнаа дека се воодушевени од гостопримството на охриѓани, а потенцираа дека Охрид од година во година е се поуреден и поубав туристички центар кој е идеален склоп на модерното и традиционално време.Секретарот Бежоски изрази задоволство за искажаните пофални зборови и ги информира гостите за дел од проектите на актуелната локална...
Post Views: 1
Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење.
Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на вакцината на „Фајзер“. Постот тврди дека оваа вакцина предизвикува згрутчување на крвта. Фактите покажуваат дека ваквото тврдење не е точно, односно нема докази кои би го поткрепиле.
Нема да стојам и да гледам како го вадат ова од бебињата и децата!!!!!! Ова се згрутчувањата...
Post Views: 2
Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини. Австралиската амбасадорка се интересираше за актуелната ситуација во Општина Охрид и работата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стојаноски ги истакна приоритетите на локалната самоуправа, пред се напорите во санирањето на финансискиот долг на општината, трајно и одржливо решение за колекторскиот систем и урбано планирање во функција на развојот на Охрид.
Австралиската амбасадорка изрази подготвеност, амбасадата да поддржи одредени проекти...
Post Views: 3
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.
Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.
Во предлог-законот се предвидува како оператор како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да...
Post Views: 0
Традиционалниот музичко-сценски фестивал “Словенија во Охрид“, синоќа беше отворен на летната сцена на Долни Сарај. Дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки и 31 фолклорна група со над 800 учесници во наредните денови ќе ја презентираат словенечката музика и игра пред охриѓани и гостите. Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја Милан Јазбец, истакна дека оваа манифестација е празник соработката и пријателството кој покрај на словенечки се обрати и на македонски јазик.– Овој прзаник има дополнителна тежина бидејќи од годинава за првпат почесен...
Post Views: 8
Прославениот ракометар и капитен на Македонска репрезентација Кирил Лазаров, денес беше примен од градоначалникот Јован Стојаноски. Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот Стојаноски најнапред му го честиташе пласманот на македонскиот капитен на Светското првенство и посака нашите најдобри спортски амбасадори повторно да ја израдуваат македонската јавност со добар резултат.Лазаров се заблагодари на честитките, како и на искажаната добра волја и логистичка помош што Општина Охрид ја дава на Ракометниот камп “Кирил Лазаров 7“, што ова година по четврти пат...
Post Views: 10
Претседателот на Советот Живка Ангелоскa ја свика 12тата седница на Советот на Општина Охрид. Дванаесетата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на ден 29.06.2018 година (петок) со почеток во 11,00 часот.На дневен ред има само една точка, советнички прашања.
Post Views: 0
Курсот на еврото во однос на американскиот долар минатата недела потона за 2,9%, на 1,1018 долари и е на најниско ниво од почетокот на август. Еврото падна и во однос на јапонскиот јен за 1,3%. Доларот пак порасна во однос на јенот па курсот му се зголеми за 1,7%.
Најголемото опаѓање на еврото спрема доларот е најавата на Централната Европска банка дека нејзините челници во декември ќе разгледуваат дали треба да се воведат дополнителни поттикнувачки мерки.
Како што се очекуваше, челниците на ECB одлучија во четвртокот дека клучната каматна стапка останува непроменета...