Post Views: 4
Европскиот парламент на пленарна седница вчера расправаше за договорот со Швајцарија со кој се отежнува криењето на кеш пари во швајцарските банки, а притоа се случува избегнување на плаќање данок во земјите од каде потекнуваат. Гласањето за овој предлог по распоредот е предвидено за денес.
Европската Унија и Швајцарија меѓусебно се обврзале на размена на податоци за банкарските сметки кои би требало да се транспарентни од почетокот на 2018 година. Договорот е постигнат кон крајот на мај оваа година со цел да се сузбијат финансиските измами и затајување на даноци. Информациите...
Post Views: 7
Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро. Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји. Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора.
„Постојат програми за...
Post Views: 1
Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони.
Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина, од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион.
Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони...
Post Views: 9
Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на најголемата и најреномирана музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Завршени се сите подготовки за оваа Национална установа да биде достоен домаќин на бројните уметници и вљубеници во уметноста. Во претстојните 40 дена пред бројната фестивалска публика ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која во четврток, 12 јули, на Античкиот...
Post Views: 0
Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, ги пофали своите сограѓани дека на 24 март ја избрале вистинската страна и покажале дека кога се работи за нивната иднина, кога се работи за економски развој на нивниот град ја одбрале правата страна, вистинската опција, која нуди дела, проекти и прогрес.
„Во ликот на докторот Кочоски пронајдоа човек кој од Струга после мртвиот период од 8 години ке направи најголемо градилиште во Македонија бидејки во Струга ништо не се изградило во изминативе години освен илјадниците диво поставени т.н урбани опреми или времени објекти...
Post Views: 3
Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид.
Неофицијално дознаваме дека до истекување на рокот во општина Охрид бил поднесен само еден приговор и тоа лице што не учествувало на наддавањето кое се одржа на 4 јули. Општината по консултации со Министерството за транспорт и врски утре и официјално ќе соопшти кој и под кои услови ќе стопанисува со плажите Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо, како и за тоа каква ќе биде судбианта на плажата Бела Виста за која не се одржа јавно наддавање...
Post Views: 3
Во рамките на 1/16 финалето од Купот на Македонија, денеска ФК Воска Спорт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе ја пречека екипата на Брегалница.
Натпреварот започнува во 15 часот, а влезот ќе чини 100 денари.
Post Views: 0
Во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“. Во нејзиното спроведување се вклучени Општинскиот совет за безбедност, локалната самоуправа и полицијата. Проектот има за цел да се подигне севкупната безбедност во сообраќајот , а пораки се испраќаат до сите учесници во сообраќајот, информира Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност. Реализацијата на слични кампањи во минатото давале ефекти кој биле упатувани до учесниците во сообраќајот како на пример за користење на заштитни кациги,кажува Димоски.
„Ефектите од оваа кампања се позитивни. Зголем е...
Post Views: 1
Охридските капалишта обезбедени со спасители на вода. Општинскиот Црвен крст ова лето ангажира 80 обучени спасители кои ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Ќе се ставени во функција пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипите на парамедици.
Се надеваме дека нема да имаме некои посериозни инциденти бидејќи и спасителите делуваат и превентивно со самите капачи, а концесионерите секако треба да ги следат сите инструкции, препораки и насоки кои што ги даваме, а кои се потребни за да го обезбедат...
Post Views: 6
Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид.Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање....
Post Views: 1
Сообраќајниот метеж, големите колони и премногу проведеното време во автомобил на преполните улици се чести сцени во големите градови ширум светот во кои бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструктурата која е испланирана за значително помал број на возила.
Поради овие причини големите градови решиле овој проблем да го надминат со подземните железници, а од компанијата SkyTran (која соработува со NASA) тврдат дека имаат ново и многу поевтино решение во однос на подземната или класичната железница, таканареченито небесно такси.
Станува збор за систем...
Post Views: 1
Од денес улицата „Македонија“ од пресекот со ул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул. „Јане Сандански“ ќе биде затворена за сообраќај поради одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Одбележувањето ќе се реализира во наредниве неколку дена и ќе биде по целата должина на реконструираната улица од 550 метри и ширина од 12 метри.
Улицата „Македонија“ се очекува да биде затворена за сообраќај во текот на целата летна туристичка сезона од кружниот тек кај градскиот плоштад до пресекот со улицата „Ванчо Николески“. Затворањето на оваа улица за сообраќање...