Post Views: 10
Одземени се лиценците за одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија 200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.
Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.Одземањето на лиценците е на предлог на Министерството за здравство кое вчера доставило...
Post Views: 0
Воведување нови чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје како редовни линии, најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски по настапот на неодамна оддржаниот Источномедитерански меѓународен саем на туризам и патувања (EMITT) во Истанбул. Потврдени се и чартер конекциите на холандските и полските тур-оператори, а се очекува и соработка со тур-операторите од Руската Федерација како и воспоставување на новиот лет Тел Авив -Скопје на крајот од мај.
Според Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, голем е интересот за македонските...
Post Views: 2
Поради технички причини, проблеми со интернетот, денешната седница на Совет беше прекината. На дневен ред, меѓудругото, беа 30 предлог одлуки за легализација на бесправно изградени објекти меѓу кои и дивоградби на крајбрежјето на Охридското Езеро и во Националниот парк „Галичица”. Координаторката на советничката група од СДСМ побара пауза за координација по однос на спорните точки. Имајќи ја предвид ситуацијата со УНЕСКО, навистина се сериозни и не треба да се брза со вакви точки, рече Живка Ангелоска.
Предлагам да направиме пауза и координација за точките кои се однесуваат...
Post Views: 11
На 21.02.2019 година, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од Лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.
Пожарот бил локализиран а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.
Post Views: 0
Владата го усвои новиот Предлог – закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година. Новиот Предлог-закон денеска го презентираа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Со Предлог-законот се предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитните подрачја посочи министерот Нуредини.
Сите видови на бесправно изградени објекти во границите на охридскиот регион,...
Post Views: 4
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека директорот на „Фајзер“, Алберт Бурла, е уапсен поради подмитување на влади за да го земат нивниот лек. Не се прецизира на кој лек точно се мисли, но во постот е споделен напис од „Conservative Beaver“, некредибилен портал кој објавува лажни вести во континуитет. Кога ќе се посети таканаречената вест објавена на овој портал, се доаѓа до деталите кои, исто така, се лажни, за наводното апсење и причините за апсењето.
Во текстот е наведено дека директорот на „Фајзер“ е уапсен на 5 ноември во неговиот дом во богата населба...
Post Views: 2
Повисока минимална плата или штрајк се заканува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој по одлагањето на денешната средба во владата најави дека ќе ги активира штрајкувачките одбори.
ССМ бара итно зголемување на минималната плата која ќе изнесува 60 отсто од просечната плата. Владата најави минималец од 18.000 денари за годинава, но од вториот квартал, а целта е до 2024 да достигне до 20.000 денари.
Бизнисмените, пак, со порака до синдикатите наместо да најавуваат штрајкови и да бараат насилно зголемување на минималната плата и да го нарушуваат системот на плати,...
Post Views: 1
Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето открил дека еден од патниците починал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со коронавирус.
Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на негово место, па екипажот, според весникот „Велт“, дури тогаш забележал дека тој починал.
Настанот се случил на 25 октомври, пренесуваат агенциите. Станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авион во Истанбул и го зазел неговото место во авионот. Според медиумите, тој имал неколку...
Post Views: 1
На 01.12.2021 околу 21 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги приведоа и лишија од слобода М.М.(34) и М.К.(24), двајцата од струшкото село Драслајца.
При преглед на патничко возило „форд мондео”, со струшки регистарски ознаки во кое биле двајцата, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 9
Обезглавена бистата на Анте Попоски и фрлена во водите на Охридското езеро. Непознати сторители ноќеска извршиле сквернавење на дел од бистите во Алејата на писателите во Струга. Оштетени се спомен обележјата на македоските поети Славко Јаневски и Анте Попоски. Бронзената биста на Поповски била демонтирана од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро додека врз спомен-обејежјето на Јаневски вандалите успеале само да предизвикаат оштетување.
Полицијата работи на откривање на сторителите и мотивите на овој вандалски чин.
Настанот е пријавен, полициски екипи...
Post Views: 0
Бебе родено пред 20 дена е најмладиот регистриран позитивен пациент на коронавирусот од почетокот на пандемијата во земјава. Најмалиот борец со вирусот е сместен во детската клиника во Козле, а како што уверува директорот Бесник Зекири, лекувањето оди добро и бебето наскоро ќе биде целосно здраво.
Тие во принцип се позитивни од родителите, така што се во подобра состојба. Помалите пациенти ни се пациенти со помалку компликации кои многу побргу и полесно го поминуваат престојот во нашата установа – вели директорот Зекири.
Во моментов во Козле од ковид се лечат...
Post Views: 9
Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само го објавила трудот во кој се говори за еднодецениското работење на Здравствената мрежа на југоисточна Европа, а во кој Караџовски е претставник на Институтот за јавно...