Штрајк за повисока минимална плата најавуваат од ССМ

Повисока минимална плата или штрајк се заканува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој по одлагањето на денешната средба во владата најави дека ќе ги активира штрајкувачките одбори.

 |   | 
minimalna_plata

Повисока минимална плата или штрајк се заканува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој по одлагањето на денешната средба во владата најави дека ќе ги активира штрајкувачките одбори.

ССМ бара итно зголемување на минималната плата која ќе изнесува 60 отсто од просечната плата. Владата најави минималец од 18.000 денари за годинава, но од вториот квартал, а целта е до 2024 да достигне до 20.000 денари.

Бизнисмените, пак, со порака до синдикатите наместо да најавуваат штрајкови и да бараат насилно зголемување на минималната плата и да го нарушуваат системот на плати, треба да притискаат да се почитуваат законите и колективните договори од бизнисите кои немаат ниту синдикална организација, ниту, пак, ги почитуваат законите. Штрајкувањето само ќе ги казни бизнисите кои ги почитуваат законите, велат тие.

Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, бара прво да се усогласат платите со сегашната минимална плата, па потоа да се бара зголемување на минималната плата.

Од ССМ сметаат и дека со зголемувањето на минималната плата од нејзиното воведување по предлог на ССМ, до денес немало негативен ефект врз фирмите и државата, не довело до отпуштање на работници, ниту до кратење на нивните плати, довело само до повисока продуктивност, поради поголемата мотивација на работниците.

ССМ за ова прашање денеска требаше да разговара на средба во владата но средбата е одложена и синдикатите најавија седници на телата со што ќе се активираат штрајкувачките одбори за подготовка на работниците за штрајк доколку не биде зголемена минималната плата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top