Учениците од охридските основни и средни училишта останаа без организиран превоз

Post Views: 3 Првиот училишен месец започна без организиран превоз за охридските основци и средношколци. Организиран превоз нема, а причината се лоцира во ненавремено спроведен тендер за избор на превозна компанија, информира општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „ Грешка е и во училиштата и во Локалната самоуправа. Факт е септември, прв месец од учебната година учениците ќе мора да се снаоѓаат сами за превоз до училиштата. По постапката по отварање на јавниот тендер по 14 септември , кон крајот на септември и почетокот на октомври,  кога ќе заврши постапката ќе има организиран превоз...

Continue reading

prva sednica sovet

Конститутивна седница на струшкиот Совет

Post Views: 0 Струшките советници ја одржаа првата конститутивна седница. На самиот почеток екс претседателот на Советот, Џеваир Беќири ја предаде својата должност на најстариот советник од новиот состав Мустафа Забзун, да ја води седница со три точки на дневен ред. Беше избрана верификационата комисија во состав Абдула Ќазимоски претседател, Ристо Ќушкоски и Фитни Далипи членови на верификационата Комисијата.  Забзун советникот на ДПА рече дека се наоѓаат пред еден нов почеток, од каде треба да ја оправдаат довербата која граѓаните им ја дадоа на Локалните избори 2013. „Денеска...

Continue reading

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ОДБЕЛЕЖАН СО РЕВИЈАЛЕН ВАТЕРПОЛО ТУРНИР

Post Views: 0 Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст. Учествуваа ветераните на ватерполо клубовите „АПК Студент“ и „Вардар“ од Скопје,  „Челични“ од Штип, „Струга“ од Струга и домаќинот „Охридски бранови“ од Охрид. Настанот имаше хуманитарен карактер, а донираните средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца. Ватерполо ветераните...

Continue reading

32-РО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АТЛЕТСКИ МАРАТОН ВО ОХРИД

Post Views: 0 По повод Денот на независноста на Република Македонија, денес, во Охрид беше организиран 32. Меѓународен атлетски маратон. 30 километарската патека во машка и женска конкуренција први ја помина кенијците, Марк Кипчумба и Сузан Мутони. Најдобриот во машката конкуренција патеката ја мина за 1 час, 42 минути и  44 секунди, додека најдобрата во женска конкуренција ја мина за 2 часа, 8 минути и 19 секунди. Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп...

Continue reading

Пластичните кеси ќе се наплаќаат по 15 денари

Post Views: 1 Пластичните кеси од 1 декември се забрануваат, а на пазарот ќе се продаваат биоразградливи кеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост. Ова се предвидува во Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој Собранието го донесе пред два дена. Но, од Иницијативата за забрана за пластични кеси за Радио МОФ потсетуваат дека ваква забрана веќе имаше, но е анулирана со други акти, така што нејзиното спроведување пак ќе зависи од подготвеноста за тоа на институциите. Ваква забрана веќе постои од 2012...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СЕ СРЕТНА СО ОХРИДСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Post Views: 1 Група ученици од втора и четврта година  и нивни професори од гимназијата „ Св. Климент Охридски“ , на нивна иницијатива, денеска имаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Целта на средбата,како што рекоа иницијаторите, е  во отворена дебата за прашања за актуелните состојби во образованието, кај учениците да се развие критичкиот и когнитивниот стил во текот на школувањето. На средбата, учениците поставуваа  и коментираа за прашања во врска со условите за учење, поддршка за учество на натпревари, доопремување на кабинетите, особено за природните науки, потребата...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Post Views: 1 Со прогласувањето на независноста на нашата татковина, Република Македонија, точно пред 27 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонуваа. Осми септември е денот кој што потсетува на предизвиците што нашата нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Денес, Република Македонија цврсто го гради својот пат кон економскиот напредок  со постојано зголемување на демократските капацитети, а општина Охрид има историска можност целосно да се посвети на градење просперитетна иднина, надминувајќи ги сите...

Continue reading

Теристичка дезинсекција во Охрид

Post Views: 0 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на  ден 11.09.2018 год. и 12.09.2018  год. (вторник и среда) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка...

Continue reading

Телефонирање во авион ќе е возможно од 2016 година

Post Views: 4 Полека но сигурно се ближиме до денот кога засекогаш ќе се остане без уште едно место на кое не сме изложени на теророт од телефоните. Бежичната интернет врска први почнаа да ја експериментираат некои американски компании, но трендот зема замав и на европско тло. Некои нискобуџетни компании чија услуга е пооскудна отколку кај класичните авио-компании веќе нудат бесплатни wi-fi , а со таа услуга се рекламира и компанијата на нашиот сосед Air Serbia и од сурфање до телефонирање останува само еден чекор. Германската Lufthansa онлајн услугите планира да ги воведе од следното...

Continue reading

На градското пристаниште ќе се одржи празничен ватерполо турнир

Post Views: 3 Во сабота и недела на градското пристаниште ќе се игра ватерполо. Силите ќе ги одмерат ватерполисти од неколку македонски клубови. Ватерполистите од скопските клубови Вардар, Младост, Студент, Струга од Струга, Челични од Штип и ветераните од ПК „Охридски бранови“ ќе не потсетат на овој спорт кој се играл во минатите времиња. Локалната самоуправа се залага за развој на сите спортови во градот, а меѓу спортските активности и за враќање на ватерполото во Охрид, велат од одделението за спорт. „Овојпат се определивме за ватерполото, да ги разбрануваме спомените на овој убав...

Continue reading

logo

„Филантропија преку зелени идеи“

Post Views: 3 ЦИРа, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина. Избраните три идеи од Македонија понатаму ќе се натпреваруваат на регионалниот форум каде можат да бидат селектирани за финасиска поддршка (10.00 долари) за нивна реалзиција. Крајниот рок за доставување...

Continue reading

К.К. „Работнички“ на седумдневни подготовки во Охрид

Post Views: 1 ЈП „Билјанини Извори“ деновиве е домаќин на повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија К.К. „Работнички“ кој е на седумдневни подготовки во Охрид. Tренерот на клубот Марин Докузоски максимално ја искористува  спортска сала Билјанини Извори, атлетска патека и фитнес центарот Фит Форм за што подобро да се спремат за претстојната натпреварувачка сезона. Подобрувајќи ги во континуитет условите за тренирање и натпреварување на спортските екипи во соработка со спортските охридски клубови убедени сме дека ќе придонесат за уште поголем интерес кон изборот Охрид и СРЦ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top