Post Views: 1
Подновениот состав на охридскиот ракометен клуб утревечер ќе го има првиот настап пред домашната публика во натпреварот од второто коло од машката ракометна супер лига против РК Бутел – Скопје. 90% од екипата се нови играчи, имаме целосно нова бековска линија, потребно ќе ни биде време да се уиграме, вели капитенот на РК Охрид, Крсте Андоноски. Атмосферата во екипата е на многу високо ниво бидејќи оваа година ги имаме сите неопходни услови за нормално функционирање на еден клуб. Не очекува тежок и неизвесен натпревар но се помалку од победа не е опција за нас, вели Андоноски.
„Квалитетот...
Post Views: 2
ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја посетат Струга, пред да биде избран претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати.
„Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството...
Post Views: 0
Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Низ охридските улици се одржа и велосипедско дефиле . Од името на Локалната самоуправа заменик градоначалникот Константин Георгиески упати порака до граѓаните.
„Со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштедува...
Post Views: 4
Охридскиот Меѓуопштински центар за социјални работи евидентира околу 700 корисници на гарантирана минимална помош кои се материјално обезбедени и 80-тина корисници на оваа помош кои се работно неспособни. Бројот на сиромашни граѓани оди во нагорна линија, укажува социјалниот работник, Горан Поп Марков, за социјалната слика во општина Охрид.
Има благ раст кој од година во година се покачува и не е само резултат ковидот па да кажеме дека дојде до некој бум, експлозија, факт е дека живееме во сиромашно општество и штом расте бројот на семејства кои користат гарантирана...
Post Views: 2
Висока воена делагација, предводена од генерал – мајор Стивен Креј, командант на националната гарда на државата Вермонт од САД, го посети ОУ Братство Единство во налебата Лескајца. Гостите од САД остварија средба со вработените и учениците од оваа школа каде што настава посетуваат ученици од различни етнички заедници. Преку организацијата на УСАИД се реновирани голем број училишта во Македонија, а меѓу нив и во зградата на ова општинско школо. Прекрасно е да се видат плодовите од работата на УСАИД и во изградбата на побезбедна околина за учење на учениците, рече...
Post Views: 1
Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“. Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен.
Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“. Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“од...
Post Views: 0
Пред само два дена се одржа , 16-та седница на Градскиот совет, на која поминаа без никаков проблем годишните извештаи и програмите за работа на охридските основни и средни училишта, како и на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ве прашуваме зошто не ги соопштивте таму јасно и гласно своите ставови. Зборувате за европски норми и принципи, а не сте ги совладале основните правила, обврски и услови за работа на Локалната самоуправа, реагираа од Општина Охрид на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.
Зборувате за проектот за рано изучување на германскиот јазик во...
Post Views: 1
Улицата Распаќе, дел од региналниот пат Охрид-Радожда, од понеделник ќе почне да се афалтира. Возачите реагираат дека патниот правец започнал да се подготвува пред еден месец и сеуште не е асфалтиран. Сообраќајницата е фрекфентна многу често се вози не само по стариот пат кон Струга туку и кон специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо. Возачите прашуваат кога ќе добијат асфалтирана улица. Веднаш по завршувањето на реконструкција на подолг патен правец во Струга ќе почнеме со довршување на започнатите подготовки за реконструкција, информира Крсте Ташкоски, раководител...
Post Views: 11
Црвен крст Охрид со големо задоволство го најавува настанот ПХВ ШОУ на кој ќе биде промовиран финалниот производ од овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), а ќе бидат претставени и 6-те проекти кои ги изработија 47 младинци како дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ.
Со проектите беа директно опфатени и помогнати 50 луѓе со нивните семејства, преку обезбедување на апарати за домаќинство, средства за лекување, екскурзија, а се изработи и еколошко градско катче. Посебен сјај на ова ПХВ ШОУ ќе дадат...
Post Views: 7
Човек кој се нашол во близина на стадионот каде експлодираа две бомби тврди дека животот му го спасил мобилниот телефон.
Тој разговарал на мобилниот телефон одејќи покрај стадионот Stade de France во Париз кога експлодирала една од бомбите. Шрапнелот долетал до него но го погодил точно во мобилниот телефон.
“Разговарав, ја преминував улицата и тогаш имаше експлозија точно пред мене. Се разлетаа парчиња, почуствував како летаат околу мене. Паднав и веднаш станав. Го погодија мојот телефон и тој ме спаси, во спротивно ќе ме погодеше точно во глава”, изјавил за Reuters...
Post Views: 5
Градоначалникот Јован Стојаноски и секретарот Игор Бежоски, денес имаа работна средба со Џеват Кицара, Директор на Институтот за стандардизација и сертификација (ИСС) на РМ.
На средбата се разговараше за воспоставување на соработка помеѓу Општина Охрид и институтот во делокругот за стандардизација и сертификација. Соработката помеѓу двете страни ќе помогне во подобрувањето на перфомансите на општинската администраиција и нејзино поефикасно работење.
Post Views: 15
И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита.
Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...