ОПШТИНА ОХРИД ДОНИРА ОПРЕМА ЗА ВЕСЛАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Post Views: 1 Градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Веслачката федерација на Македонија Здравко Голабоски, потпишаа договор со кој, Општина Охрид  донира веслачка спортска опрема и веслачки реквизити за потребите на веслачката федерација. Донацијата се состои од 8 чамци, сет весла и друга помошна опрема. Чамците и реквизитите се обезбедени од Светската веслачка федерација – FISA, со посредство на Македонскиот Олимписки Комитет. Вредноста на донираната опрема изнесува 35.466 евра и ќе биде значително подобрување на условите за тренинг и развој на веслачкиот спорт.

Continue reading

Москва: Во шверцот со нафта се вмешани Ердоган и неговата фамилија

Post Views: 0 Турскиот претседател Таип Ердоган и неговата фамилија се вклучени во системот на незаконска испорака на нафта од сириските полиња кои ги држат терористите на Исламската држава, било кажано денес во Москва на прес конференцијата на министерството за одбрана. “Русија знае за три траси по кои се криумчари нафта од Сирија во Турција. Лидерите на бандите и турската елита крадат нафта во Сирија во големи количини”, било кажано на брифингот. Министерството за одбрана на Русија претставувајќи ги доказите за финансирање на терористите на Исламска држава во Сирија наведува дека...

Continue reading

СТАРТУВАШЕ АВИОНСКАТА ЛИНИЈАТА ОХРИД – ВИЕНА

Post Views: 4 На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, попладнево пристигна првиот лет на компанијата „Визер“ од новата авионска линија од Охрид кон Виена и обратно. Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, како и градоначалникот на Струга, Рамис Мерко и директорите на агенцијата за туризам и ТАВ, Љупчо Јанески и Алп Ер Тунга Ерсој беа дел од свечениот пречек на патниците. Оваа авионска линија ќе биде трет редовен лет што ќе оперира од охридскиот аеродром.

Continue reading

logo

„VIP“ извинување вредно еден ден бесплатни услуги

Post Views: 7 Во текот на вчерашниот ден, 7ми јули 2014, во периодот од 15.00 часот до 16.50 часот, дојде до неочекувани технички проблеми во дел од телекомуникацискиот сообраќај во мрежата на Вип. Во споменатиот период, поради проблем во позадинските процеси во сообраќајот, корисниците на Вип почувствуваа потешкотии при воспоставувањето на комуникација, како и намалени капацитети на мрежата, односно беа делумно оневозможени да ги употребуваат гласовните, податочните, СМС и ММС услугите од Вип. Професионалните тимови на Вип оператор и добавувачите ги презедоа потребните мерки за санирање...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ГОДИШНИОТ СОБИР НА ЕГИПЌАНИТЕ ОД ОХРИД

Post Views: 5 Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски  присуствуваше на годишниот собир на Египќаните „Звукот на Египет“ што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“. Во рамки на случувањето беше отворена изложба на фотографии низ кои е прикажан животот на Египќаните во Охрид и охридско  во минатите 100 години, а историски час одржа доц. д-р Никола Митровиќ. а настанот здружението на Египќани „ Пирамида“  му додели  благодарница на градоначалникот Јован Стојаноски  кој беше генерален покровител на годишната манифестација, а благодарници добија и директорите на јавните претпријатија...

Continue reading

dijaliza

Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа

Post Views: 7 Отуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените. „Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена...

Continue reading

Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на    учествување и заедничко прославување на овие празници.

Continue reading

„ПАРИ“ ОТКРИВА: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат

Post Views: 6 Порталот „Пари“ направи анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што 3 од најголемите 5 должници се на иста адреса, наведува порталот. Управата за јавни приходи редовно ја објавува листата на должници. Последната е за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Порталот Пари наведува кои се 5-те најголеми даночни должници во државава: ДОЛЖНИК ИЗНОС во евра Глобал...

Continue reading

РК Охрид в недела против Пролет без Славиша Димитриески и Дарко Георгиески

Post Views: 0 Охридските ракометари в недела  на домашен терен го пречекуваат должникот скопски Пролет. Со овој натпревар започнува вториот дел во Супер лигата во кој РК Охрид влегува со 7 победи и 2 порази. Екипата на Пролет е составена од млади играчи кои играат заедно веќе 10 години. Првиот натпревар го игравме на гости и изгубивме затоа што не бевме се уште добро уиграни, вели бекот Златко Везенковски. „Се надевам на еден добар натпревар. Бодовите да останат во Охрид. Ја поканувам публикаа да дојде во што поголем број, повеќе од натпреварот со Пелистер затоа што ова ни е многу...

Continue reading

Обновен лектирниот фонд за децата од основно образование

Post Views: 0 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија и за основците. Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена, туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов. Тоа причина повеќе основците да се зачленат во Библиотеката и да ја продолжат дружбата со лектирите. Потсетуваме дека годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни...

Continue reading

Охридските советници со предлози како да се подобрат ефектите од туризмот

Post Views: 3 Нацрт програмата за развој на туризмот во фокусот на интерес кај охридските советници. Опозицијата критикува што и по една година локалната нема изготвено стратегија за развој на туризмот и ги критикува измените на мерката за субвенционирање на станоиздавачите од мал обем. Советничката Лидија Петкоска од  Вмро Дпмне се огласи со предлог како да се подобри приходот од туристичка такса во општинскиот буџет. Од советот побара да покренат иницијатива до инспекциските служби и до Царинската управа во согласност со Законот за туристичка и угостителска дејност и почитување...

Continue reading

Охрид се подготвува за врнежите од снег

Post Views: 3 „Охридски Комуналец“ започна со реализацијата на Програмата за зимско одржување. На повеќе локации  депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи.  Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комунале“ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на  „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top