Post Views: 11
Биолозите од Хидробилошки институт детектираа видови риби кои живеат во Охридското езеро ,а не се автохтони видови. Рибите јабанаџии, како што ги нарекуваат шесте видови веќе подолго време се одомаќинети во езерските води, информира Зоран Спиркоски од Хидробилошкиот институт. Нивната намера е да се справат со нив, вели Спиркоски.
„Ние настојуваме тој проблем да се реши не само во Охридското езеро туку и во сите води во Македонија. Нашите слатки води се богати со ендемични видови риби кои може да бидат загрозени и се загрозени од оние кои се странци во тие екосистеми“,...
Post Views: 0
Охридските средношколци ќе добиваат совети како и каде по завршувањето на образованието со проект „Креативни умови креираат иднина“ од „Инова Либ“, здружение за иновации во библиотечното работење. Во проектот е вклучена и охридската национална установа библотека Григор Прличев која ќе им помага при насочувањето на младите. Совети ќе се делат како да се снајдат на пазарот на трудот и како да го изберат соодветното високо образование информира Јелена Петровска библиотекар советник од Битолската универзиетска библиотека Св Клиемент Охридски и претседател на УО на „Инова...
Post Views: 0
Екстракција на ДНК, антидепресиви добиени од литиумски батерии и многу други интересни експерименти денес беа дел од демонстрацијата на наградените проекти по хемија и биологија од натпреварот „Ноември – месец на науката“. Наоружани со практични и теоретски знаења, oхридските гимназијалци уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите во државава.
Теодор Тасевски од втора година од охридската гимназија заедно со својот другар Стефан Николиќ, го освоија третото место на неодамна одржаниот натпревар „Ноември – месец на науката“, по предметот Биологија. Тимот на професорката...
Post Views: 2
Како што пренесува Reuters, извори блиски до Volkswagen наведуваат дека германскиот гигант би можел да се одлучи на продажба на одредени брендови во своја сопственост за да го исплатат кредитот од 20 милијарди евра кој неодамна го земаа за да се изборат со трошоците за актуелниот скандал со софтверот за емисија на штетни гасови.
Превземениот кредит од 20 милијарди евра Volkswagen ќе мора да го врати во потполност во рок од само една година, а германската компанија веќе почнала да размислува како да дојде до пари во најлошото можно сценарио.
Доколку компанијата не успее...
Post Views: 1
По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со хендикеп -3 Декември, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски го посети Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност Охрид 1988“.
Градоначалникот Стојаноски присуствуваше и на почетокот на натпреварите во спортските дисциплини , шах, пинг- понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка што по традиција се одржуваат на овој ден. На учесниците во натпреварувачкиот дел им посака успех и посочи дека општината во рамки на своите ингеренции и можности и понатака ќе дава поддршка за оваа...
Post Views: 0
Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува утре во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
На првиот есенски ден, Сонцето во Скопје ќе изгрее во шест часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути.
Врмето, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и...
Post Views: 8
Проблем со паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од проблемите кои и оваа година лицата со попреченост ги истакнаа на одбележувањето на Меѓународиот ден. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебрца го посети градоначалникот Јован Стојаноски кој ги сослуша забелешките и потребите на лицата со попреченост и вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање.
Ова што го организиравте денес е една извонредна прилика да се видиме и вие да се дружите и да си размениме одредени мислења,...
Post Views: 3
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба на дрзок начин“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Н. (43) од Струга.
На 28-ми јануари оваа година, околу 10 часот и 30 минути, пријавениот од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, противправно одзел 40.ооо,оо денари што ги пронашол во касата.
Тоа го направил одкако од страна на вработените во спортската кладилница му било кажано дека неговиот спортски тикет е недобитен. Изреволтиран поради тоа, А.Н. кој сметал дека има добитна комбинација, се упатил кај директорот...
Post Views: 0
На вонредна седница охридските советници едногласно усвоија мерки за понатамошен спас на плашицата во каналот Студенчишта. За поморот на плашицата кој минатата недела се случи во каналот никој не сноси одговорност затоа што и никој не управува со езерото. Сега со мерки на Советот ќе се бара системско решавање на пропустите за во иднина да не се случуваат слични ситуации , се согласија охридските советници. Од Вмро Дпмне кои ја иницира вонредната седница произлегоа и предлог заклучоци за да се преземат активности за да се запрат еколошки катастрофи врз биодиверзитетот...
Post Views: 0
Градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца, Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески заедно со Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната Унија за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг на плажата Дебрца потпишаа Изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро со што се обврзаа за директно учество во заштитата на биолошката разновидност во Охридското Езеро.
На настанот, беше извршено и примопредавањето на Сертификатот од Рамсар на градоначалниците...
Post Views: 1
Последното големо невреме кое го зафати Охрид, предизвика ново оштетување на дел од градското пристаниште. Од капетанија објаснуваат дека оштетувањето не ја загрозува стабилноста на објектот и додаваат дека веќе се известени надлежните органи во градот. Сопствениците на пловни објекти велат дека станува збор за стар објект кој датира од далечната 1938 година, на кој му е неопходна поопширна санација.
Градското пристаниште со тек на време попушта под налетот на брановите. Последното оштетување е голема пукнатина на пристапниот дел која настана по големото невреме кое...
Post Views: 27
Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со активности за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта.
Предвидено е да се засадат вкупно 40.000 садници од видот viola (очиња) од сопствено производство низ грдаските парковски површини, кружните сообраќајници, патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк.